Тодорово
село во Валовишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тодорово или Тодорци (грчки: Θεοδώρειο, Теодорио; до 1955 г. Θεοδώροβον, Теодоровон[2]) — село во Кукушко, Егејска Македонија, денес во општината Синтика на Серскиот округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Македонци.[3]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа северозападно од Сер и на околу 5 км западно од Станица Порој.
Историја
Во Отоманското Царство
Во XIX век Тодорово било село во Кукушката (Авретхисарска) каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тодорово (Todorovo) било село со 40 домаќинства сочинети од 156 Македонци и 30 муслимани.[4][5] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Тодорово имало 260 Македонци христијани.[4][6]
Целото христијанско население на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податооци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Тодорово (Todorovo) живееле 400 Македонци, сите под Егзархијата.[7]
Во Грција
За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата година селото имало 176 жители кои во 1920 г. се накачиле на 235 лица.[3] Во 1924 г. поради угнетувањето на власта речиси целото население било приморано да се исели во Бугарија,[3] а на негово место државата населила грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Тодорово е претставено како чисто дојденско село со 133 жители (39 семејства).[8]
Во 1940 г. селото имало 369 жители. Овој пораст се должи на доселувањето на други грчки колонисти, кои првично дошле во попасивните планински села од североисточното подножје на планината Круша.[3] Во следниот преиод бројот на жители се намалил поради извсни штети во Втората светска и Граѓанската војна, но потоа се опоравило. Во 1960-тите дошол бран на иселување во градските центри, поради што населението значително се намалило.[3]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Личности
- Велко Коџаандонов — учесник во четата на Гоце Делчев.
- Вано Штијанов — борец во МОО, Кукушка чета[9]
- Васил Иванов Гошев (1891/1892 – ?) — борец во МОО, Кукушка чета, XIV Воденска дружина[10]
- Трајко Донев — борец во МОО, Кукушка чета, Кукушка чета, чета на Дончо Златков[11]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads