Тодор Велјановски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тодор Ј. Велјановски ( 1921 во Булачани — 28 април 1945 во Марино, Хрватска) — македонски партизан, учесник во НОВ.[1]
Животопис
Израснал во сиромашно селско семејство. Основно училиште завршил во селото, а потоа се занимавал со земјоделство и чување на добиток. Во септември 1944 година стапил во Шеснаесеттата македонска ударна бригада. По ослободувањето на Скопје, со Бригадата продолжил да се бори до конечното уништување на балистичките банди. Потоа заминал за Срем, каде на 12 април 1945 година учествувал во завршните операции за големиот пробив на утврдените германско-усташки положби. На 28 април 1945 година, во новите борби против Германците и домашните квинслишки единици, загинал кај селото Марино, Хрватска.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads