Булачани
село во Општина Гази Баба From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Булачани — село во Општина Гази Баба, во околината на градот Скопје.

Remove ads
Географија и местоположба
Селото Булачани се наоѓа на североисток од Скопје на падините на Скопска Црна Гора во областа Црногорија, на надморска височина од околу 500 м. Има многу убава местоположба од каде има прекрасен поглед на целата Скопска Котлина. Селото е од разбиен тип и е поделено во 7 маала: Река, Шетаровци, Бузаревци, Урдарци, Сарај, Средно и Долно Маало.[2]. Првите четири маала лежат не левата страна на долинската падина на Булачанската Речица, а останатите 3 на десната страна и носат заедничко име Рид Маало.
Remove ads
Историја
Булачани во денешен облик е доста стара населба. Според еден податок се споменува во 1425 година со изградбата на Мустафа-пашината џамија.
Археолошкото наоѓалиште Кула, утврдување / збег од доцноантичкото време. На 2,5 км северно од селото и исто толку од селото Раштак, на еден висок планински гребен, на простор од 100 x 30 м се гледаат ѕидови од камен и варов малтер. По површината има фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и друг градежен материјал. Мавро Орбин пишува дека Марко бил погребан кај селото Блачани (Блациани) во близината на Скопје. Бидејќи село со ова име не постои, останува нејасно дали се работи за селото Булачани или за селото Блаце.
Инаку самото село од мештаните е поделено на маала и каква таква таа поделба е задржана и до ден денес. На левата страна од Булачанска Река која го дели селото на два дела се наоѓаат маалата Чурковци, Гировци, Шетаровци и Урдарци додека на десната страна се маалаат Долно, Средно и Сарај Маало.
Според едно предание, кое нема етимолошка поткрепа, с. Булачани го добило името од некоја була која била една од првите сопственички на атарот.[3] Една од овие сестри е најверојатно таа була (жена на турски) ќерка на Мустафа паша по која селото и го добило името.
Во XIX век, селото е дел од нахијата Чаирско Поле (Блатија) во Скопската каза во Отоманското Царство.
Remove ads
Стопанство
Во Булачани населението претежно е вработено во градот, а добар дел се занимава со земјоделство и сточарство. Постои само еден мал индустриски капацитет, а тоа е „Буларт дизајн“ кој се занимава со изградба на монтажни куќи и вработува околу 20 луѓе, претежно од селото.
Население
Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, селото било христијанско, со 66 христијански домаќинства. На овој попис биле забележани 263 мажи христијани, со 19 новороденчиња. Се проценува дека селото во тој период имало 564 жители.
Стефан Верковиќ во 1857 го бележи со 519 жители.[4]
Кон крајот на XIX век, Булачани — село во Скопската каза,. Според статистиката на Васил К’нчов во 1900 г. живееле 530 жители Македонци[5].[6]
На почетокот на XX век во селото работеле странските пропаганди. Во 1905 г. во Булачани имало 600 под врховенството на Бугарската егзархија и 192 патријашисти, во кое функционирало бугарско и српско училиште.[7]
На почетокот од Балканските војни 1912 г., три жители од Булачани се борат како војници во Македонско-одринските доброволни чети.[8]
После Втората балканска војна, 1913 г. селото влегува во границите на Србија, каде е центар на истоимената општина и има 794 жители.
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го означува Булачани како српско село под влијание на српската пропаганда.[9]
На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го означува Булачани како бугарско село под влијане на бугарската пропаганда.[10]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 950 Македонци.[11]
На пописот од 2002 година, селото имало 1.104 жители, од кои 1.098 Македонци и 6 Срби.[12]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.147 жители, од кои 1.015 Македонци, 11 Албанци, 1 Ром, 4 Срби, 1 Бошњак и 115 лица без податоци.[13]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[14]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[15]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]
Родови
Булачани е македонско село.
Според истражувањата од 1963 година родови во селото се:
- Доселеници: Чурковци (11 к.), Ќировци (5 к.), Шетаровци (28 к.) и Бузаревци (8 к.) потеклото на сите овие родови е од околината на Прилеп (прилепско). Првиот род најпрво се населил во Влае. Во родот Шетаровци се знае следното родословие: Цветко (жив на 45 г. во 1963 година) Петре-Велко-Атанаско-Младен-Петре, основачот на родот кој се доселил; Урдарци или Миленковци (8 к.) доселени се од селото Чучер, таму имаат истоимени роднини, подалечно потекло имаат од селото Паливоденица кај Качаник; Ефендиовци (4 к.) доселени се од селото Паливоденица кај Качаник; Кубуровци (4 к.) доселени се од сега албанското село Сарај; Живанци (3 к.) доселени се од некое село во Скопска Црна Гора, таму имаат истоимени роднини; Црногорчевци (7 к.) и Бражданци (4 к.) доселени се од селото Бразда; Дуковци (2 к.) доселени се од некое село кај Гнилане; Какарчевци (3 к.) и Дајевци (2 к.) доселени се од некое село во Кумановско; Радевци (6 к.) доселени се од некое село во Порече; Пејковци (1 к.), Џиклевци (8 к.), Субашовци (8 к.), Паровци (1 к.), Вучковци (1 к.), Димовци (4 к.), Левковци (5 к.), Јанинци (4 к.), Оџовци (2 к.), Јаневци (4 к.) и Каринци (2 к.) доселени се, но не знаат од каде.[18]
Remove ads
Општествени установи
Во селото постои основно училиште „Св. Наум Охридски“ кое го посетуваат околу 500 ученици. Самата зграда на училиштето е доста стара и е градено уште во времето на Кралството Југославија со подоцнежни доградувања и реновирања. За време на Втората светска војна во борбите за ослободување на Скопје тука бил сместен Штабот на 16 македонска бригада во која активно земале учество многу жители на селото. Исто така постои здравствена станица (амбуланта) сега веќе приватна со доктор Даскалов во која здравствени услуги добиваат жителите на селата Булачани и Раштак.
Во повоениот период во селото работела и Месна канцеларија со матична служба, а во текот на 1960-тите е основана и Земјоделската задруга „Партизан“ која успешно работела во селото некаде до крајот на 1970-те години.
Remove ads
Културни и природни знаменитости
- Цркви
- Црква „Св. Јован Крстител“[19] — во јужниот дел од селото
- Црква „Св. Никола“[20] — манастирска црква
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“
Личности
- Драган Јаневски (р. 1 јуни 1943) — македонски поет
- Аце Трифуновски (р. 2 август 1963) — македонски пејач, член на групата Орфеи
- Благоја Ангелковски (1921-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Благоја Паровски (1919-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Борис Паровски (1925-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Србин Паровски (1921-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Киро Младеновски (1919-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Киро Трајковски (1924-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Коста Христовски (1913-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Петре Христовски (1924-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Лазо Тодоровски (1904-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Младен Младеновски (1921-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Тодор Велјановски (1921-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Цветан Белковски (1918-1944) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Remove ads
Иселеништво
Од ова село имало повеќе иселеници отколку што има жители во селото. Иселениците во најголем број живеат во Скопје. Но иселеници има и на други места, како. Злокуќани (Стојковци или Лукаровци), Бутел (Шаторови), Ченто (Црногорчеви), Визбегово (Димови или Кралеви), Јурумлери (Робевци), Идризово (Шаторовци), Маџари (Булачанци и Пацини), Лисиче (Ангеле).[18]
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads