Тодор Лазаров
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тодор Лазаров Хаџи Димитриев — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација. Брат е на дедото на Љупчо Арсов.
Животопис
Лазаров е роден 1869 година во градот Штип, тогаш во Отоманското Царство. Потекнувал од видното семејство Хаџи Димитриеви. Завршил VI клас во Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ и станал прогимназиски учител во Штип. По една година го напуштил училиштето и започнал да се занимава со трговија. Лазаров зборува, француски, отомански турски и фарси.
Влегол во првиот револуционерен комитет на Македонската револуционерна организација во Штип 1894-1895 година, бил покрстен од Даме Груев. Во 1896 година заедно со Ѓорче Петров и Мише Развигоров го ликвидирал србоманот Јордан Бабамов, поради што бил уапсен. Во текот на Виничката афера повторно бил уапсен [1], во 1899 година бил осуден на 4 години затвор, казната ја издржувал во Скопје и Приштина. На Солунскиот конгрес од 1903 година бил делегат. Во 1905 година, бил уапсен зедно со д-р.Петар Кушев, осуден и заточен во Тарабулус ал Шам [2]. По Младотурската револуција бил амнестиран, учествува во уредувањето на Сојуз на бугарски уставни клубови и влегол во неговото Централно управно тело.
По неуспехот на Хуриетот во 1909 - 1910, заедно со Тодор Александров учествувал во обновата на организациската дејност во Штипско и во мај 1910 година е избран за член на Задграничното претставништво заедно со Павел Христов [3][4].
Се разболел од туберкулоза и по избувнувањето на Првата балканска војна се самоубил [5][6][7] Според Георги Поп Христов последните зборови на Лазаров биле: Македонија е изгубена [8]. Михаил Думбалаков за Лазаров напишал:
- ...(Кога б.н) сите ги прифатија ентузијазмот и волјата за борба, во... хотелот Ројал бавно гаснеше живтот на еден од најбудните синови на Македонија. Смелиот водач на револуционерно Штипско, војникот на бунтот и душата на толку безумно смели акциии... беше легнат на кревет од жолтата сопатничка на потребите и незгодите - туберкулозата.
- Ревоуцијата ги изела дробовите на Тодор Лазаров. И сред всеопштиот подем, тој сега беше принуден да биде далечен, бесполезен и загубен меѓу толпата... Трагедијата на револуционерот беше необхватна... Непогоден да влезе и изгори во големата борба , револуционерот го застрела едно од најголемите срца на Македонија. Господар на животот, тој беше станал и господар на смртта [9].
Remove ads
Галерија
- Портрет на Лазаров
- Портрет на Лазаров
- Лазаров и Кушев во Тарабулус ал Шам
- Соопштение на ЗП во Софиja од март 1911 г
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads