Томас Транстремер

шведски поет, нобеловец и лауерат на Струшките вечери на поезијата From Wikipedia, the free encyclopedia

Томас Транстремер
Remove ads

Томас Транстремер (шведски: Tomas Tranströmer, р. 15 април 1931) — шведски поет, психолог и преведувач. Во неговата лирика се даваат описи за нордиската зима, ритамот и убавината на пејзажите и природата. Низ неговата поезија се чувствува и прикриена нишка на мистика, помешана со блага религиозност. Ужива голема меѓународна почит, за што говори и податокот дека неговите дела се преведени на повеќе од 60 светски јазици. Се смета за еден од најзначајните повоени европски поети. Во 2011 година ја добил Нобеловата награда за литература, со што станал седмиот носител на такво признание од својата земја.[1] Освен на Нобеловата награда, Транстремер е добитник и на Златниот венец од Струшките вечери на поезијата, со кој се закитил во 2003 г.

Кратки факти Томас Транстремер, Роден/а ...

Шведската кралска академија откри еден многу интересен податок поврзан со името на овој поет. Имено, Транстремер бил номиниран буквално секоја година за Нобеловата награда, почнувајќи од 1993. Како причини поради кои ја понел оваа престижна награда, кралската академија ги наведе големите филозофски теми кои се опфатени во неговите стихови, како прашањата за смртта, историја, спомените и природата. По прифаќањето на наградата, речиси веднаш биле преведени првите два тома од Томасовата поезија на повеќе странски јазици. Инаку, Транстремер е 108-от добитник на ова признание, и првиот Швеѓанец од 1974 г.[2]

Remove ads

Дела

  • 17 поеми (1954)
  • Тајни на патот (1958)
  • Неодвршениот рај (1962)
  • Звуци и шини (1966)
  • Патеки (1973)
  • Балтик (1974)
  • За живите и за мртвите (1989)
  • Тажната гондола (1996)
  • Големата загатка (2004)

Наводи

Надворешни врски

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads