Томас Хицлшпергер
германски фудбалер From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Томас Хицлшпергер (роден на 5 април 1982 година во Минхен) — поранешен германски фудбалер кој играл во средниот ред. Хицлшпергер поминал дел од почетокот на неговата кариера играјќи во Астон Вила во Англија (краток период на позајмица во Честерфилд), пред да се врати во Германија за да игра за Штутгарт. Во 2010 година тој потпишал за италијанскиот тим Лацио, пред да се врати назад во Англија за да му се приклучи на Вест Хем Јунајтед кон крајот на истата година. По испаѓањето на Вест Хем од Премиер лигата Хицлшпергер се враќа во својата родна земја Германија, потпишуајќи за тимот на Волфсбург. Последно тој играл за Евертон, една сезона 2012-13, по што во септемрви 2013 објавил крај на својата професионална кариера. Како причини за завршувањето на кариерата ги посочил многуте повреди и непостојанството во играта како и големиот број на трансфери во последните години.
Тој, исто така, ја претставувал Германија, одигрувајќи 52 натпревари во кој постигнал 6 гола. Тој бил во составот на Германија и за Светското првенство 2006 година, каде неговата репрезентација била третопласирана.
Remove ads
Титули
Штутгарт
- Бундеслига : 2006-07
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads