Томо Шијак

македонски сликар From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Томо Шијаковиќ-Шијак (15 март 1930 во Косово Поле29 декември 1998 во Скопје) — македонски сликар, меѓу првите македонски уметници што го проблематизирал сликарството како дисциплина.[1][2]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Шијак е роден во Косово Поле, тогашна Србија на 14 март 1930 година. Уште од најрана младост кај него се јавил огромен интерес за ликовно претставување на сопствените опсервации.

По завршувањето на средното уметничко училиште во Скопје, студирал ликовна уметност на Академијата за ликовни уметности во Љубљана, а потоа бил на студиски престој во Париз.

Самостојно излагал во Скопје, Белград и Ниш. Учествувал на Биеналето во Саун Пауло (1969) и на Биеналето во Венеција (1978). Имал доста изложби, исто и посмртно, чии дела ги наследил неговиот син Ѓорѓи Шијаковиќ, виш конзерватор.[3] Негова ќерка е глумицата Арна Шијак.[4]

Се занимавал со карикатура, илустрација, сценографија, плакат и фотографија. Во неговото творештво се разликуваат неколку фази: посткубизам, апстракција, варијанти на поп-артот и концептуални постапки, кои кон крајот на шеесеттите години резултирале во првите објекти во македонската современа уметност: мусандри и неомусандри. Во нив ги обединил сликарските, вајарските и дизајнерските аспекти. Овој модел на ликовно обликување просторно го применил во ентериерот на зградата на Градскиот комитет во Скопје (1970) и во хотелот „Дрим“ во Струга (1977).

Починал во Скопје на 29 декември 1998 година.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads