Тона
метричка единица за маса From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тонa (наречена и тон; симб. т, t) е единица за маса од метричкиот систем еднаква на 1000 килограми или 1 мегаграм (1 Мг).[1] Единицата не е дел од системот SI, но е прифатена за употреба со нетовите единици.[2][3] Во САД има назив „метричка тона“ за да се избегне забуна со „кратката“ тона.[4]
Оваа статија се однесува на мерна единица за маса. За други значење на зборот, погл. Тон (појаснување).
Remove ads
Во други единици
Една тона е еднаков на:
- еден мегаграм (по дефиниција);
- мегаграмот, (Мг, Mg) е службен поим на SI, но ретко наоѓа употреба; друг недостаток е тоа што симболот Мг е мошне сличен на симболот за милиграм, „мг“ (mg)
- 1000⁄0,453 592 37 фунти (точно, согласно дефиницијата на фунтата),[5]
- прибл. 2.205 фунти (lb)
- 98,42% од долгата тона
- еден долг тон (2.240 lb) е 101,605% од тоната
- 110,23% од кратката тона
- еден кратка тона (2.000 lb) е 90,72% of од тоната
Remove ads
Изведени единици
Во општа употреба, големите маси се изразуваат во милиони тони. Единиците килотон, мегатон и гигатон во практика се однесуваат на енергијата што ја ослободуваат големи експлозии како атомското оружје и високоенергетски природни појави. Како такви, тие се само приближни заокружувања.
Изразување на енергија преку масата
Изразот „тони тринитротолуол (ТНТ)“ се користи како посреден начин на изразување на големи количества на ослободена енергија. Во употреба се претставките: „кило-“, „мега-“ и „гига-“, особено кога станува збор за енергијата што ја оддава атомското оружје, врз основа на согорливата енергија на ТНТ 4.2 МЏ/кг (или една термомеханичка калорија на милиграм). Оттука, 1 килотон ТНТ = 4,2 ТЏ, 1 Мт ТНТ = 4,2 ПЏ.
Единицата за енергија во системот SI e џулот (Џ, Ј). Ако една експлозија на ТНТ оддава 1.000 мали (термохемиски) калории на грам (4,2 kJ/гр.), еден тон ТНТ би оддал 4,2 гигаџули.
Remove ads
Поврзано
- Тонажа - носивост на бродовите
- Тон (боја)
- Тон (лингвистика)
- Тон (звук)
- Бруто-регистарски тон
- Величински редови (маса)
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads