Топоним

From Wikipedia, the free encyclopedia

Топоним
Remove ads

Топоним (од старогрчки: τόπος, топос = место и ὄνομα, онома = назив)[1] — име на некое географско место или објект.[2] Науката што се занимава со изучување на топонимите се нарекува топонимија, која е гранка на ономастиката — општа наука за имињата од секаков вид. Под истото може да се подразбере и севкупноста на месните имиња во дадена област.[3]

Thumb
Знак за селото Видуша во Општина Маврово и Ростуше

Покрај општиот поим, постојат поедини видови на топоними што се однесуваат на дадени целини или земјишни облици. Такви се:

  • ојконими — називи на населени места
  • астионими — називи на градови
  • хидроними — називи на реки и други водни површини
  • ороними — називи на планини
  • урбаноними — називи на делови и објекти во еден град
  • дромоними — називи на патишта
  • етнонимии — називи на народи
Remove ads

Важност

Топонимијата е важна гранка на географијата бидејќи дава увид во историјата и културниот идентитет на местата. Сознанијата можат да се изведат од етимологијата на поимот, или пак од физичкото окружување, настаните и преданијата што довеле до дадениот назив.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads