Топчиево

гратче во Солунско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Топчиевоmap
Remove ads

Топчиево или Топчин (грчки: Γέφυρα, Гефира; до 1926 г. Τοψίν, Топсин[2]) — гратче во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Илиџиево на Солунскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 3.059 жители (2011).[3][4] Сè до Балканските војни, ова било чисто македонско село.[4]

Кратки факти Топчиево Γέφυρα, Земја ...
Thumb
Древномакедонската гробница југоисточно од Топчиево.
Remove ads

Географија

Гратчето е сместено во областа Вардарија на Солунското Поле, 25 км северозападно од Солун и км западно од Каваклиево. Лежи на раскрсницата каде патот за Солун се дели за Воден и Скопје.[4]

Историја

Антика

Археолошките наоди укажуваат на постоењето на приморска населба со висока култура и трговски врски со јужна Грција и егејските острови. Во могилата во југоисточниот дел на денешното гратче се откриени древномакедонски наоди: многу монети, три важни гробници и 30 гроба од VI до II век п.н.е. Археолозите Михалис Тивериос и Марија Цимбиду-Авлонити сметаат дека овде се наоѓал македонскиот град Халастра.[5]

Во Отоманското Царство

Топчиево за првпат се спомнува во XV век под името Топчи Ибрахим и тоа двапати, што вели дека уште тогаш селото се состоело од Горно и Долно Маало. Во друг документ од истиот период Топчилар е спомнат како тимар на солунски бег. Во XVII–XVIII век Топчи бил чифлик во Солунската каза и припаѓа на селата за кои се плаќало дополнителен данок на домаќинства.[6]

Околу 1854 г. е изградена црквата „Св. Ѓорѓи“ во Долно Топчиево, која е дело на лерински мејстори.[7]

Во 1861 г. еден англосаксонски патописец ги забележал работниците кои овде го граделе главниот мост на Вардар. Во записот се вели дека тие почнале од двата брега и работеле до средината, па на местото кајшто е најдлабоко запреле и преку него ставиле даски, кои ги тргале кога ќе се појавел патник, и ги враќале откако патникот ќе им плати колку што бараат.[8]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Попчиево (Poptchievo) било село со 52 домаќинства од 256 жители Македонци.[9][10] Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во Топчиево живееле 266 Македонци христијани.[9][11] Во јуни 1904 г. целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија со исклучок на семејството на гркоманскиот андарт Божин, кој бил приврзаник на Вселенската патријаршија. Во септември 1904 г. тројца четници на војводата Апостол Петков го раниле Божин во обид да го одвдеат кај војводата и му ја убиле сопругата, поради што турските власти привеле седум селани и месниот свештеник.[12] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Тончиево (Tontchievo) живееле 184 лица, сите Македонци под егзархијата.[9][13]

Во 1904 г. селото било чифлик на солунскиот еврејски богаташ Жако Модијано.[12]

Во овој период во селото се појавиле и обиди на грчката пропаганда. Според записите на грчкиот просветар Димитриос Сарос од 1906 г. Топсин (Τοψἱν) бил словенојазично (т.е. македонојазично) село во Поленинската епископија, во сопственост на солунскиот Евреин Саул Модиљано. Во документот се вели дека селото се состоело од 178 жители христијани и 64 турски Роми, што укажува. Во него работело грчко основно училиште со 27 ученици (25 момчиња и 2 девојчиња) и 1 учител.[6][14] Селското училиште било сместено во мала ќелија во притворот на црквата „Св. Ѓорѓи“.[6] Во овој период Боривое Милоевиќ во селото завел 25 македонски, 5 турски и ч ромски куќи.[4]

Во Грција

Thumb
Железничката станица во Топчиево за време на Првата светска војна.
Thumb
Поставки во Музејот на Балканските војни.

За време на Првата балканска војна селото е окупирано од грчка војска која извршила грабежи и предизвикала страв од глад.[15] Во Топчиево престолонаследникот Константин го договорил преземањето на Солун од отоманската вјска во грчки раце. Во таа зграда денес е сместен Музејот на Балканските војни.

По Втората балканска војна Топчиево е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 167 лица.[4] Веднаш потоа, како и во текот на Првата светска војна, иселен е дел од македонското население, и на негово место се доведени Грци дојдени од Чаталџа во Источна Тракија и Созопол во Бугарија.[3] Така, во 1920 г. во Топчиево се попишани 350 жители. До 1924 г. тука биле вкупно 442 доселенички семејства, од кои 321 од Бугарија, 211 од Источна Тракија, со вкупно 1699 жители.[4] Во 1926 г. селото е преименувано во Гефира, што во превод значи „мост“. Во 1928 г. тука дополнително се доведени Власи од Мечово и Широко во Епир.[16] Истата 1928 г. во селото е попишан 1.821 жител, од кои 1.649 жители (468 семејства) биле дојденци, а остатокот биле месни Македонци.[17]

Поради плодната почва и близината до Солун, Топчиево продолжило да се развива. Така, во 1940 г. во него живееле 1.944 лица, кои во 1951 г. станале 2.132. На пописот од 1961 г. заведени се 2.058 жители, броејќи го Долно Топчиево одделно, со 287 жители.[18] Во 1971 г. населението се зголемило на 2.383. Растот продолжил и понатаму — во 1981 г. 2.619, а во 1991 г. 2.785 жители.[4] Во 2001 г. Топчиево достигнало 3.258 жители, кои во 2011 г. се намалиле на 3.059 лица.[3]

Во 1928 г. Топчиево станало своја општина, а во 1978 г. е отворено и средно училиште.[3]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Населението на Топчиево се занимава со земјоделство. Се произведуваат големи количества памук, овошје, жито и други култури.[4]

Цркви

Thumb
Иконостасот на македонската црква „Св. Ѓорѓи“ во Долно Топчиево.
  • Св. Ѓорѓи“ — старата македонска црква
  • „Пресв. Богородица Потоковладетелка и Апостол Тома“ — парохиска црква во која се чуваат скапоцената икона на Богородица и иконостасот, донесени од доселениците од Чаталџа. заедно со целата црковна опрема, икони, книги, полилеи и свеќници од тамошниот стар храм
  • „Свети Трифун и Св. Зосим“,
  • „Св. Константин и Елена“
Параклиси
  • „Свети Фануриј“
  • „Св. Ѓорѓи“[3]
Remove ads

Знаменитости

  • Музеј на Балканските војни

Личности

  • Атанас Милошев — борец во Балканските војни[19]
  • Божин Гркот — гркомански андарт, мета на ВМОРО

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads