Транссибирска железница
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Транссибирската железница (руски: Транссибирская магистраль) е најдолгиот единечен железнички систем во Русија, поаѓајќи од Москва до Владивосток на растојание од 9.289 км.[1] Со оваа линија поврзани се и линиите до Монголија, Кина и Северна Кореја. Постои од 1916 година, но и пред да биде завршена, железницата привлекла патници кои пишувале за своите авантури.[2]


Remove ads
Историја
По замисла на царот Александар III, градењето на железницата почнало во 1891 година и симултано продолжило сè до комплетирањето на целата нејзина должина, притоа поврзувајќи и дел од Манџурија. Била завршена во 1904 година, но заканата за јапонско преземање на Манџурија ги присилила градителите да изградат паралелна траса во рамките на Руската територија, која била завршена во 1916 година. Пругата ги направила достапни големите пространства на Сибир, кои на тој начин можеле полесно да се населуваат и индустријализираат, особено по пат на стимулирање на изградбата на бројни помошни железнички линии, кои требало да ги поврзат далечните области со главната траса. Комплетното патување трае околу 8 дена.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads