Трајан Рајкочев
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Трајан Спасов Рајкочев ( 1924 во Бањане ― 12 април 1945 во Будровци) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Remove ads
Животопис
Израснал во сиромашно семејство. Завршил основно yчилиштe, а потоа се занимавал со земјоделство и чување на добиток. По основањето на Шеснаесеттата македонска ударна бригада, активно ја помагал, а кон крајот на септември 1944 година стапил во неа. Во состав на истата учествувал во борбите против балистите на Скопска Црна Гора и против Германците во Качаничката Клисура. По ослободувањето на Македонија ја продолжил борбата против балистичките банди на Косово. Оттука заминал во Земун, каде со успех ја завршил три месечната воено-политичка обука. На 12 април 1945 година учествувал во пробивот на Сремскиот фронт. Храбро загинал кај Будровци, каде што бил ѝ закопан.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads