Трајко Желевски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Трајко Тодоров (Тодев), најпознат како Трајко Желевски ( 1875 , Желево, Леринско - 1923 , Асеновград, Бугарија) — македонски револуционер, деец на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација и костурски војвода.
Remove ads
Животопис
Трајко Тодоров бил роден во 1875 година, во леринското село Желево, денес Андартико, Егејска Македонија. Завршил основно образование. Во 1898 година влегол во редовите на ВМОРО и од 1900 година бил нелегален четник кај Пандо Кљашев и Митре Влаот. По Илинденското востание, од 1904 до Младотурската револуција во 1908 година, тој бил помошник на реонскиот војвода Христо Цветков во Костурско. За реон на дејствување, Желевски го имал родното село и го придружувал Христо Цветков при обиколките во реонот на Костенарија[1].
После Хуриетот работел во Торонто, Канада. При избувнувањето на Првата балканска војна, тој се вратил и учествувал во борбите против Османлиското Царство. Пред крајот на војната се вратил во родното село, но по распит на грчки војници за да го вооружат, тој пребегнал во Бугарија.[2]
По Втората балканска војна во 1913 година бил дел од Здружената партизанска чета на Македонско-одринското ополченство на Васил Чекаларов, која војувала против грчки чети. Учествувал и во Првата светска војна.[3]
По потпишувањето на т.н. Мајски манифест во 1923 година и последователните братоубиства, бил застрелан заедно со Тома Желински, во јуни, истата година.[4]
- Ставро Стојанов Ѕавела од Рулја, Тома Желински од Желин и Трајко Тодев од Желево
- Костурски војводи, април 1913 година во Ксанти. Трајко Желевски (легнатиот од лево)
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads