Трајче Кацаров
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Трајче Кацаров — македонски поет, раскажувач, есеист и драмски автор.[1][2]
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета.  | 
Животопис
Кацаров е роден во Штип на 14 септември 1959 година. Завршил Академија за филм и театар во Софија, Бугарија. Магистрирал на Институтот за македонска литаратура на универзитетот ,„Св.Кирил и Методиj“ во Скопје. Работи како драматург во Народниот театар во Штип. Во 1993 година го основа Списанието за уметност „СУМ“. Член е на ДПМ од 1991 година.
Творештво
Автор е на книгите:
- Во подмишките на будилникот (поезија, 1986)
 - Го следите ли Хорхе (поезија, 1991)
 - Дискретниот шарм на Кус де Ру (поезија, 1993)
 - Да не беше дождот (драма, 1993)
 - Сулиндари (пиеса за деца, 1995)
 - Цартаровата чичитра (раскази, 1996)
 - Фалцот на змијата (комедија, 1996)
 - Ректајмот на господинот Налче (поезија, 1997)
 - Времето во театарот (есеи, 1997)
 - Ети ја спасува Тера (проза за деца, 1997)
 - Дневникот на Омир (проза, 1999)
 - Ноќта во која светилката не треба да згасне (три драми, 1999)
 - Времето на моментот (театрски есеи, 2001)
 - Белиот слон (есеи, 2003)
 - Емигрантот Цвик (поезија, 2003)
 - Гард (драмска пиеса, 2003)
 - Чалик Чамак (избор пиеси)
 - Татко и отец (роман во раскази, 2008)
 - АКО (поема, 2011)
 - Другото е помалку важно (избор пиеси за деца, 2011)
 - Форма на молкот (поезија, 2011)
 - Ојле брада во животинска балада (2013)
 - Единство на лицата (тетарски есеи, 2013)
 - Двонасочна релација театар-публика (театаролошка студија, 2013)
 - Јад (раскази, 2015)[3]
 - Таја (поезија, 2016)[4]
 - Шешири (драма, 2016)
 - На клупата (драма, 2018)[5]
 - Не паркирај, гаража (роман, 2019)[6]
 - Увозникот на бели ноќи (роман, 2023)[7]
 - Пиеса за срамот (пиеса, 2025)[8]
 - Роман за Чарли Офтика -Туркачот (роман, 2025)[9]
 
Неговите дела се преведени и на неколку јазици (англиски, руски, украински, албански, бугарски, српски, хрватски и словенски), a неговите театарски пиеси се одиграни низ повеќе театри во регионот и пошироко.
Remove ads
Награди
Добитник е на повеќе награди од областа на литаратурата:
- Награда ,,Рациново признание“ за романот „Татко и отец“, во 2009 г.
 - Награда ,,Мајстори на прозата“ за пиесите „На клупата“ и „Шешири“
 - Награда ,,Јован Котевски“ за збриката од поезија Формата на молкот“
 - Награда ,,Глигор Прличев“ за поемите ,,АКO“ и „Цветко“[10]
 - Во 2004 г. Кацаров е прогласен за личност на годината во општина Штип и добива признание „Деец во културата“
 - Во 2009 г. општина Штип му доделува 8-мо Ноемвриско признание.
 - Награда „Отворен круг“ - за иновации и експерименти во книжевноста, на меѓународниот фестивал „Книжевен круг“, во организација на Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност „Инаку” – Скопје.[11]
 - Награда „Ванчо Николески“ за романот „Не паркирај, гаража“[12]
 
Колумнист е во неколку весници: „Нова Македонија“, „Утрински весник“ и „Штипски глас“.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads