Трајче Стреоски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Трајче Стреоски
Remove ads

Трајче Миланов Стреоски ( 1919 во Орланци (Кичевско) 1944 во Десово, Прилепско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...
Remove ads

Животопис

Поради тоа што неговите родители биле печалбари во Загреб, имал можност да се школува и да заврши шест класа гимназија. Некое време работел во старата општина во селото Ижиште. Уште од првите денови на НОВ, како напреден младинец, работел за народноослободителната војска на Македонија. Во летото 1943 годинa, како член на СКОЈ, меѓу првите се поврзал со Кире Гаврилоски-Јане кој работел на овој терен како nозадински работник и член на Обласниот комитет за Прилепската општина. Трајче бил мобилизиран од бугарската војска за воена вежба, но знаејќи ја намерата на окупаторот, избегал и заминал во партизани во есента 1943 година во редовите на Првата македонско-косовска бригада. Со Бригадата заминал за Егејска Македонија, каде учествувал во пробојот на Богомила. Бил со отцепената група и во февруари 1944 година загинал кај Клетовник (Десово) - Прилепско во борба со бугарските војници.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads