Требишница

река во БиХ From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Требишница (српски: Требишњица) – река во Босна и Херцеговина. Таа е понорница долга 96,5 км над земја. Со вкупна должина од 187 км над и под земја, таа е една од најдолгите понорници на светот.

Кратки факти Требишница Требишњица, Местоположба ...
Remove ads

Горен тек

Со оглед дека Требишница тече низ карстен предел, таа претставува комплексен систем од надземни и подземни текови. Ја формираат два потокa од планините Лебршник и Чемерно во Босна и Херцеговина:

  • потокот Мушница, кој тече од источната до западната граница на Гатачко Поле, се влева во езерото Клиње и ги поминува населените места Автовац, Гацко, Срѓевиќи, Башиќи, Друговиќи, Кула и Браниловиќи, пред неговото понирање во карстот во Церничко Поле.
  • другиот поток, Грачаница, тече од планината Чемерно во Гатачко Поле, близу селата Бахори и Грачаница, пред да се спои со Мушница близу Срѓевиќи.

Двата потока се одликуваат со остри, непредвидливи кривулици и промени на насоката.

Реката повторно се појавува во Фатничко Поле под името Фатничка Река, и повторно понира по краток тек над земја.

Remove ads

Среден тек

Thumb
Мостот Арсланагиќ, османлиски мост изграден во 1574 година по наредба на големиот везир Мехмед-паша Соколовиќ

По 30 км под земја, реката повторно се појавува во форма на повеќе извори во близината на Билеќа. Овие извори ја формираат Требишница. Се работи за најголемата река во источна Херцеговина. Реката се упатува на југ следејќи ја депресијата на Мируша, каде поминува брана подигната во 1966 година во близина на селото Горно Грнчарево. Депресијата Мируша е потопена и го формирала Билеќкото Езеро.[1][2]). Голем дел од езерскиот брег е дел од границата со Црна Гора.

Потоа Требишница се упатува кон запад каде повторно наидува на брана во близина на селото Горица, на околу 3 км спротиводно од Требиње. Се протега долж јужната падина на Белашница пред повторно да нурне под земја во Попово Поле.

Remove ads

Долен тек

Thumb
Реката во Требиње.

Водите од Требишница повторно се јавуваат на три различни места:

  • Изворот Чаплина која се влева во Неретва
  • Повеќе извори близу до пристаништето Слано северозападно од Дубровник во Хрватска.
  • Требишница која повторно се јавува во пештерата Груж близу Дубровник. Овде реката се нарекува Омбла или Дубровничка Река. Тече само 4,2 км, но има среден проток од 24 m³/s. Потоа реката се влева во Јадранското Море.

Површината на басенот на реката Требишница изнесува 4.926 км2 од кои 600 км2 му припаѓаат на неретванскиот басен.

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads