Трене
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Трене (германски: Treene; дански: Trenen) — река, долга 73 километри, во северниот дел на сојузната поктаина Шлезвиг-Холштајн. Претставува десна притока на реката Ајдер. Извира во северниот дел на полуостровот Ангелн, југоисточно од Фленсбург и главно тече југ-југозапад, пред да се влие во Ајдер близу Фридрихштат.
Трене извира од Треското Езеро близу Гросзолт во округот Шлезвиг-Фленсбург и тече околу 73 километри, поминувајќи низ градот Фридрихштат (во округот Северна Фризија) на 25 километри над Ајдерската брана, каде се влева во Ајдер, како нејзина најважна притока. Бонденау е најважната притока на Трене, која извира 15 километри источно од Треското Езеро, близу Зеруп на полуостровот Ангелн. Така, Трене е необичен случај на река која извира на полуостров во Балтичкото Море, а се влева во Северното Море. Помеѓу Треското Езеро и Тидал постои природен резерват кој покрива област од 20 км² (Ober Treenelandschaft).
Remove ads
Поврзано
![]() | Оваа статија за место во Шлезвиг-Холштајн е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads