Тренко Рујанов

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тренко Рујанов
Remove ads

Тренко (Тренто) Иванов Рујанов, познат како Крапјанин (на српски: Тренко Рујановић Крапљанин) — србомански војвода, поранешен четник на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација.

Thumb
Тренко Рујанов

Животопис

Тренко Рујанов е роден во прилепското село Крапа, од каде доаѓа и неговиот прекар Крапјанин. Во 1895 година зема учество во Мелничкото востание на Македонскиот комитет како кичевски војвода со 9 души четници. Подоцна се приклучува во ВМОРО. Преминува на српска страна и предводи чета на српската пропаганда, составена од организациски ренегати.

На 18 јуни 1905 година Тренко заедно со Глигор Соколов води тричасовна борба во Степанци со четата на Панчо Константинов. На 15 април 1907 година во месноста Јавор кај селото Црешнево четата на Дачо Јотов паѓа во заседа поставена од четата на Тренко Крапјанин и србомани од Поречјето. Но, благодарение на добрите односи на ВМОРО со кехајата на Теовскииот манастир Камил ага, пристигнала турска потера која ја нападнала четата на Тренко, која дава 15 жртви.

По Младотурската револуција се легализира. Активноста ја обновил во пролетта 1910 година, кога Рујанов почнува да дејствува со петчленна чета во Прилепско. На 24 јуни 1910 година бугарскиот конзул во Битола, Тодор Недков пишува во извештајот до генералниот конзул во Солун, Атанас Шопов:

Во Прилепското 2-3 месеци наваму обиколува заедно со 3-4 четници војводата Тренто Руjaнов, од селото Крапа, Прилепската каза. И во однос на таа српска чета власта не презела никакви мерки [1].
Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads