Трент Александер-Арнолд

From Wikipedia, the free encyclopedia

Трент Александер-Арнолд
Remove ads

Трент Џон Александер-Арнолд (роден на 7 октомври 1998, во Ливерпул) — англиски фудбалер, играч од одбраната на Реал Мадрид и на англиската репрезентација.

Кратки факти Трент Александер-Арнолд, Лични податоци ...

Познат по својата интелегенција и одличните додавања,[4] се смета за еден од најдобрите десни бекови на својата генерација.[5][6][7][8] Како производ на академијата на Ливерпул, тој го направил своето деби за првиот тим на црвените во 2016 година и оттогаш е незаменлив на својата позиција во клубот.

Remove ads

Технички одлики

Кариерата ја започнал како играч од средниот ред, за потоа да биде преместен на позицијата десен бек од тренерот Јирген Клоп.[9] Поседува силен карактер, а може да се пофали и со голема брзина и моќно забрзување; покрај тоа, тој е вешт во ссвојување на топката и умее одлично да нафрли[9] поради што често е споредуван со неговиот сонародник Ешли Кол.[10]

Поради неговите физички, атлетски и технички квалитети, како и заради изразената тактичка интелигенција, тој моментално важи за еден од најдобрите десни бекови, а заедно со колегата од спротивната страна Ендрју Робертсон формираат еден од најдобрите бековски парови во Европа.[11]

Remove ads

Клупска кариера

Ливерпул

Thumb
Александер-Арнолд во дресот на Ливерпул во 2019.

Израснат во младинскиот сектор на Ливерпул, тој го направил своето деби за првиот тим на црвените на 25 октомври 2016, во победата со 2-1 над Тотенхем во четвртото коло од Лига купот на Англија.[12][13] На 14 декември истата година, тој го направил своето деби во Премиер лигата во победата со 3-0 против Мидлсбро.[14]

Својот прв гол во дресот на Ливерпул го постигнал на 15 август 2017 во победата со 2-1 на гостувањето против Хофенхајм, во плејофот од квалификациите за Лигата на шампионите, од директен слободен удар.[15] Со тоа, тој станал третиот најмлад играч кој постигнал гол на своето деби во европските натпреварувања за Ливерпул, по Мајкл Овен и Дејвид Ферклаф.[16] Својот прв гол во Премиер лигата, го постигнал истата година, во победата со 5-0 над Свонзи Сити на Анфилд.[17]

На 7 мај 2019 година, во полуфиналето на Лигата на шампионите, во кое Ливерпул ја победил Барселона со 4-0, Александер-Арнолд забележал две асистенции, вклучително и додавањето од брзо изведениот корнер во самата завршница кога го проиграл Дивок Ориги за напаѓачот да го постави конечниот резултат од 4-0, гол со кој го одвел Ливерпул во финалето.[18] На 1 јуни 2019, тој станал европски шампион со Ливерпул, освојувајќи ја титулата во Лигата на шампионите после победата со 2-0 над Тотенхем во финалето; Александер-Арнолд го одиграл целиот натпреваар.[19]

Во сезоната 2019-2020, тој ја освоил Премиер лигата со Ливерпул, придонесувајќи за успехот со максимален број на настапи (38) и четири погодоци.

Реал Мадрид

На 30 мај 2025 година, Ла Лига клубот Реал Мадрид го објави потпишувањето на Александар-Арнолд на шестгодишен договор.[20][21]

Remove ads

Репрезентативна кариера

На 16 мај 2018, се нашол на списокот од 23 играчи на селекторот на англиската репрезентација, Гарет Саутгејт, кои настапиле на Светското првенство 2018 во Русија.[22]

Своето деби го направил во подготвителен натпревар за Мундијалот, против Костарика во Лидс, што завршил со победа на англичаните од 2-0. На Светското првенство, на кое неговата репрезентација стигнала до полуфиналето а потоа загубила и во натпреварот за бронзен медал, Александер-Арнолд настапил само еднаш - против Белгија (0-1) во последниот натпревар од групата.

Три години подоцна, тој бил повикан за Европското првенство,[23] но бил принуден да се повлече поради повреда.[24]

Хронологија на репрезентативните настапи

Повеќе информации Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Англија, Дата ...
Remove ads

Клупска статистика

Повеќе информации Сезона, Клуб ...
Remove ads

Титули

Клупски

Англија Ливерпул

2019-2020
2021-2022
2018–2019
2019
2019

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads