Трепишта
село во Кајларско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Трепишта или Требишта (грчки: Άγιος Χριστόφορος, Агиос Христофорос; до 1927 г. Τρέπιστα, Треписта,[2] турски: Terepişte) — село во Кајларско, Егејска Македонија, денес во општината Еордеја на Кожанскиот округ, Грција. Населението се состои од една третина староседелски Македонци и две третини грчки доселеници од Мала Азија.[3]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на надморска височина од 670 м, на 4 км источно од Кајлари. Лежи во подножјето на планината Каракамен.[4]
Историја
Средновековие
Во средниот век на местото на Трепишта имало голям град со околу 10.000 жители и 22 цркви. Го носело името Пречиста, а византиската управа го водела по грчки како Панагија.[5] Во IX и X век градот наизменично преоѓал од словенска во грчка (византиска) управа и обратно.
Градот е срушен од турска војска на крајот од XIV век. Според легендата, за време на османлиското освојување една икона на Богородица во црквата на манастирот „Св. Христофор“ почнала да плаче и солзите оставиле траги по камениот ѕид. Таа плоча долго време е предмет на поклонение во Трепишта.
Во Османлиското Царство
На крајот од XIX век Трепишта било мешано македонско-турско село, чии турски жители биле преселници од Конија. Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Трепишта:
| „ | На половина час на исток одовде [Инско] се наоѓа мешаното село Трепишта со 35 муслимански куќи и 81 нуфузи. Христијанските [македонски] куќи се 13 на број, семејните двојки 19, а нуфузите 31. Данокот е 5.600 пјастри, а инание-аскерие — 930 пиастри. Селото е сместено на рамно место меѓу два неголеми рида, недалеку од река која дотекува од падините планината Караташ. Во селото има многу мелници, 1 џамија и 1 црква.[6] | “ | 
Во 1893 г. Атанас Шопов го посетил селото и го забележал како македонско.[7][8] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Трепишта имало 280 жители Македонци[7] и 250 жители Турци.[9]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дребена е претставено како чисто македонско во Кајларската Каза на Сефичкиот Санџак со 30 куќи.[7][10]
Според статистиката од 1904 г. Трепишта (Τρέπιστα) имало 100 христијани[11] и 300 Турци.[12]
Во 1902 г. селото прешло под црховенството на Бугарската егзархија, но по два месеца под притисок на грчките чети, селото се вратило под Патријаршијата.[13] Подоцна бугарската пропаганда зела поголем замав и селото одново останало егзархиско, по податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во селото има 256 Македонци егзархисти и во него работело бугарско училиште.[7][14]
Во Грција
Во 1913 г. селото е припоено од Грција согласно Букурешкиот договор. Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека околу Првата светска војна Трепишта имало 40 македонски и 60 турски куќи.[15] Во 1924 г. согласно Лозанскиот договор турското население е иселено во Турција, а во селото се доведени Грци од Понт во Мала Азија, Турција. Така, во 1928 г. селото забележано како мешано македонско-грчко село, од кои 467 (107 семејства) биле грчки дојденци, а остатокот месни Македонци.[16] Во 1927 г. Трепишта е преименувано во Агиос Христофорос (во прев. Свети Христофор).[17] Во документ на грчката училишна управа од 1 декември 1941 г. се вели дека во Трепишта живеат 60 македонојазични семејства[18] и 100 дојденски од Понт.[19] Според Тодор Симовски, соодносот меѓу мештаните и дојденците бил 1 на 3.[3]
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Remove ads
Стопанство
Бидејќи лежи сред поле, има мошне плодна почва, населението е богато и се занимава со земјоделство. Главни производи се жито, тутун и други земјоделски производи, додека сточарството поради ограничените пасишта е послабо развиено.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads


