Тринидад

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тринидад
Remove ads

Тринидад (шпански: Trinidad = „Троица“) — поголемиот и понаселениот остров од двата најголеми острови на Тринидад и Тобаго. Островот се наоѓа на 11 км од североисточниот брег на Венецуела и се наоѓа на континенталниот праг на Јужна Америка. Често се нарекува најјужниот остров во Западните Инди. Со површина од 4768 км2, тој е петти по големина остров во Западни Инди.

Кратки факти Наречен и: Земја на колибрите, Географија ...
Thumb
Моруга – споменик на Кристофер Колумбо. Колумбо стигнал овде на неговото трето патување во 1498 година. Градот се наоѓа на јужниот брег од островот Тринидад.
Remove ads

Име

Поранешното име на островот на јазикот на Араваците бил Iëre што значи „Земја на колибрите“.[2] Кристофер Колумбо го преименувал во La Isla de la Trinidad („Остров на Тројството“), со што го исполнил заветот што го дал пред да тргне на третото патување.[3] Подоцна името е скратено на Тринидад.

Историја

Карибите и Араваците живееле на Тринидад долго пред Кристофер Колумбо да пристигне на островот на неговото трето патување на 31 јули 1498 година. Островот бил шпански до 1797 година, но бил претежно населен од француски колонисти од француските Кариби, најчесто од Мартиник.[4] Во 1889 година Тринидад заедно со Тобаго станале единствена колонија на британската круна. На Тринидад и Тобаго му била доделена самоуправа во 1958 година и независност од Обединетото Кралство во август 1962 година.[5]

Remove ads

Географија

На островот се наоѓаат три ридски венци: северниот, централниот и јужниот венец, три мочуришта и низините Карони и Напарима. Поголеми реки се Карони, Северен и Јужен Оропуче и Ортоар. Има и многу плажи и водопади. Тринидад има две годишни времиња во една календарската година: сезона на дождови и сушна сезона. Ел Серо дел Арипо со 940 метри е највисок врв на Тринидад. Тој е дел од планината Арипо и се наоѓа во северниот планински венец на островот, североисточно од градот Арима.[6]

Демографија

Според пописот на Тринидад и Тобаго во 2011 година, таму живееле 35,43% Индијци, 34,22% Африканци, 7,66% мешани Африканци и Источни Индијци и 15,16% други мешани. Венецуела има големо влијание врз културата на Тринидад, како прифаќањето на музичкиот стил паранг на островот.[7][8][9]

Животински свет

Островот Тринидад има богата биоразновидност.[10] Фауната е најчесто од јужноамериканско потекло. Има околу 100 видови цицачи, меѓу кои се и гвајскиот црвен завивач (лат. Alouatta macconnelli), огрличестиот пекар (лат. Dicotyles tajacu), црвена мазама (лат. Mazama americana), оцелот и околу 70 видови лилјаци.[11] Има преку 400 видови птици, меѓу кои се и ендемичниот тринидадскиот гуан (лат. Pipile pipile). Влекачите се многу чести, со околу 92 регистрирани видови, меѓу кои се и најголемата змија во светот, зелената анаконда, очилениот кајман и еден од најголемите гуштери во Америка, зелената игуана. Тринидад е најголемо место во западната полутопка каде се гнездат кожестите желки (лат. Dermochelys coriacea); се гнездат на источните и северните плажи на Тринидад. Регистрирани се 37 видови жаби и околу 43 видови слатководни риби. Се проценува дека има најмалку 80.000 членконоги и најмалку 600 видови пеперутки.[12]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Извори

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads