Тринидад и Тобаго

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тринидад и Тобаго
Remove ads

Тринидад и Тобаго (англиски: Trinidad and Tobago) или официјално Република Тринидад и Тобаго (Republic of Trinidad and Tobago), а многу ретко Тринидад-Тобаго[4], — независна островска држава во Средна Америка, дел од јужните Карипски Острови. Тринидад и Тобаго е најјужниот островски архипелаг[5] во Карипското Море каде јужно се наоѓа јужноамериканската држава Венецуела додека северно се наоѓа Гренада.[6][7] Островите Тринидад и Тобаго се опколени од две големи водни површини, односно источно е Атлантскиот Океан, додека западно е Карипското Море. Главен град на Тринидад и Тобаго е Порт од Спеин и службен јазик во државата е англискиот јазик.

Кратки факти Република Тринидад и Тобаго Republic of Trinidad and Tobago, Најголем град ...

Вкупната површина на оваа средноамериканска држава е 5.128 км2[8] каде живее население од 1.299.953 жители. Државата е составена од неколку острови, меѓу кои главни се Тобаго и Тринидад. Најголем остров во државата е Тринидад, кој воедно е и најнаселен остров, за разлика од Тобаго кој зазема само 6% од вкупната површина на земјата и живее само 4% од населението на тај остров.

Тринидад и Тобаго биле шпанска колонија од доаѓањето на Кристофер Колумбо па сè до 1802 година кога власта ја презела Велика Британија. Тринидад и Тобаго својата независност ја стекнале во 1962 година. За разлика од останатите англофонски карипско држави, индустријата на Тринидад и Тобаго се заснова на индустриското производство[9] со значително производство на петролеум.

Remove ads

Потекло на поимот

Историчарот Е. Л. Џозеф тврди дека првичното име на Тринидад било „лере“, кој пак потекнува од староседелскиот назив за колибри односно ierèttê или yerettê. Со доаѓањето на шпанските истражувачи, Кристофер Колумбо го именувал островот како „Остров на Светото Тројство“ ("La Ysla de la Trinidad")[10]. Името на Тобаго најверојатно е добиено по формата на островот, односно шпанските истражувачи забележале дека островот има форма на цигара и така е добиено името со одредени варијации како cabaco, tavaco или tobacco. Кристофер Колумбо за првпат го забележал островот од дистанца и веднаш го именувал како „Bellaforma“.

Remove ads

Историја

Географија и клима

Thumb
Карта на ТиТ.

Тринидад и Тобаго се најјужните острови на Антилите кои се наоѓаат помеѓу Гренада на север и Венецуела на југ. Источно од државата се наоѓа Атлантскиот Окран, додека западно се наоѓа Карипското Море. Тринидад и Тобаго има вкупна површина од 5.128 км2 и е составена од неколку острови, меѓу кои најголеми и главни се Тобаго и Тринидад. Островот Тринидад зазема околу 4.768 км2 или 93% од целокупната површина на земјата. Од друга страна пак, Тобаго има површина од 300 км2 и зазема 5.8% од површината. Остатокот припаѓа на помали околни островчиња.

Островите се мешавина на планини и рамници. Највисока точна во државата изнесува 940 метри надморска височина. Климата на Тринидад и Тобаго е тропска и има две сезони: сува сезона која всушност се првите шест месеци од годината и дождлива сезона кои се вторите шест месеци. За разлика од останатите Карипски Острови, Тринидад и Тобаго не се зафатени од честите урагани и невремиња.

Тринидад е дом на три главни центри, Порт оф Спејн, Сан Фернандо и Чагуанас. Главен центар на Тобаго е Скарборо. Главен град на државата е Порт оф Спејн и вкупното население на Тринидад и Тобаго е 1,3 милиони жители.

Политички систем

Thumb
Региони на Тринидад и Тобаго.

Тринидад и Тобаго е република со двопартиски систем на владеење и со дводомен парламент. Шеф на државата е претседателот кој моментално на таа функција е Џорџ Максвел Ричардс. На чело на владата на Тринидад и Тобаго е премиерот, моментално на таа функција е Патрик Манинг. Претседателот е избран од страна на пратениците, додека премиерот е избран преку парламентарни избори за мандат од пет години.

Тобаго има свои избори кои се различно од општите парламентарни избори. Тука се избираат пратеници за Собранието на Тобаго. Собранието на Тринидад и Тобаго е дводомно и е составено од сенат со 31 пратеничко место и од претставнички дом кој е составен од 41 пратеничко место.

Remove ads

Административна поделба

Тринидад и Тобаго е поделен на региони или корпорации и општини. Тобаго е управуван од Собранието на Тобаго.

Повеќе информации Знаме, Регион ...
Remove ads

Население, јазик и религија

Повеќе информации Религија во Тринидад и Тобаго ...

Единствениот службен јазик во државата е англискиот јазик. Сепак, најмногу зборувани јазици во државата се локални варијанти на англискиот наречени тринидадски англиски и тобагоски креолски јазик во кои се изразуваат шпански, индиски, африкански и европски примеси.

Тринидад и Тобаго е дом на поголем број религиски заедници. Најголема религиска заедноца е христијанството со 43.6 % од вкупното население, па потоа следат хиндуизам со 22.5% и останати помали заедници.

Според проценката од 2005 година Тринидад и Тобаго има население од околу 1,3 милиони жители, од кои 96% живее на островот Тринидад, додека само 4% живеат на Тобаго. Населението е со различна етничка и расна припадност што е директна последица од историјата на државата. Двете најголеми етнички заедници во Тринидад и Тобаго се Индијците и Африканците кои пак сочинуваат околу 80% од населението. Остатокот од населението се европски или азиски доселеници и локални староседелци.

Remove ads

Стопанство

Thumb
Порт оф Спејн, економски центар.

Економијата на Тринидад и Тобаго е под силно влијание на индустриското производство на петролеум. Туризмот и производството се исто така главни стопански гранки. Туристичкиот сектор е во пораст, иако не е на тоа туристичко ниво како останатите Карипски Острови. Покрај индустриското производство, во државата е присутно и земјоделството каде се одгледува какао, цитрон и останати тропски култури.

Во скоро време во државата се инвестира и во производство и трговија со гас и челик. Нафтата и гасот сочинуваат околу 40% од БНП и 80% од извозот, но само 50% од вработеното население на државата. Државата е регионален финансиски центар[11]

Remove ads

Култура

Thumb
Парада во ТиТ.

Тринидад и Тобаго е родно место на музичкиот правец калипсо и инструментот стилпан, за кој во Тринидад и Тобаго се тврди дека тој е единствениот музички инструмен измислен во XX век.[12] Големата шареноликост на Тринидад и Тобаго во поглед на етничката и расната припадност овозможува одржување на голем број фестивали и церемонии низ текот на целата година.

Remove ads

Наводи

Поврзано

Додатни информации

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads