Трифулчево

From Wikipedia, the free encyclopedia

Трифулчевоmap
Remove ads

Трифулчево (грчки: Τριφύλλι, Трифили; до 1926 г. Τριφούλτσοβο, Трифулцово[2]), на турски: Кадиќој — село во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол на истоимениот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 481 жител (2011). Сè до 1924 г. било населено со Македонци и Роми, а денес е населено со грчки доденици и малку Македонци.[3]

Кратки факти Трифулчево Τριφύλλι, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во Солунското Поле, 4 км северно од Кадиново, близу патот од Пазар за Воден.

Историја

Во Отоманското Царство

На почетокот на XX век Трифулчево било село во Ениџевардарска каза на Османската империя. Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) вели дека во 1900 г. Трифулчево (Кади Ќој) броело 240 жители Турци,[4] што е погрешен податок. Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото имало 20 куќи, од кои 5 на Македонци христијани и 15 на Роми муслимани.

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 208 жители, кои во 1920 г. биле 233.[3] Во 1920-тоте муслиманското население е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор. На негово место се доведени грчки колонисти од Понд, а во 1924 г. и грчки дојденци од Источна Тракија.[3][5] Во 1926 г. селото е преименувано во Трифили. Според пописот од 1928 г. селото имало 280 жители, од кои биле 213 грчки дојденци (62 семејства), а остатокот биле Македонци.[6]

Поради поволните услови, во 1940 г. населението нараснало на 469 лица и продолжило умерено да се развива.[3]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Стопанство

Селото се смета за богато бидејќи лежи во поле. Се произведува овошје, памук, жито, бостан и др. Застапено е и краварството.[3]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads