Три Чешми

село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia

Три Чешмиmap
Remove ads

Три Чешми (влашки: Treili Shopati) — населба во Општина Штип[2].

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Оваа млада по постанок, но голема населба се наоѓа на територијата на Општина Штип, недалеку во северен правец од градот, на оддалеченост од околу 4 км. и лежи непосредно до регионалниот пат ШтипВелес. Населбата е рамничарска на надморска височина од 320 метри. Атарот зафаќа простор од 10,8 км2. На неа обработливо земјиште зазема површина од 646 хектари, на пасиштата отпаѓаат 70 хектари. . Меѓутоа, голем дел од населението работи во фабриките кои се наоѓаат во градот Штип и дејствуваат во дневните миграциони движења на релација приградска населба – град. Во населбата работи деветгодишно училиште, има амбуланта, фабрички погон, услужни објекти (пошта), споменик од НОБ, а снаселбата има и урбанистички план, според кој од неколку куќи населбата се развило во современо населено место.

Remove ads

Историја

Место на ова село било населено уште од римско време, за што сведочи наоѓалиштето „Три Чешми“ на 500 м југоисточно од селото.

Денешната населба датира од 1949/50 година. Во раните години населбата била нарекувана Сто Куќи. На истата територија биле изградени станбени објекти кои биле доделени на жртвите на Македонскито егзодус од 1948. Подоцна со добивање на планови за доизградба населбата била проширена, во сколоп на нејзината изградба овде влегуваат Поштата, Приградската амбуланта, Црквата „Св. Илија“ како и основното училиште под име „Јосип Броз Тито“, подоцна променето во „Борис Кидрич“, но сепак и ова име не останува за долго за на крај подрачното основно училиште да го добие името ПОУ „Гоце Делчев“.

Во склоп на Три Чешми постоел и Земјоделско-индустриски комбинат „Црвена Ѕвезда“ кој запирел со работа веднаш по растурањето на Југославија.

Remove ads

Стопанство

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

На пописот од 2002 година, селото имало 1.065 жители и претставува голема населба.[3]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 947 жители, од кои 808 Македонци, 88 Власи, 3 Срби, 2 останати и 46лица без податоци.[5]

Повеќе информации Година, Македонци ...
Remove ads

Општествени установи

Самоуправа и политика

Културни и природни знаменитости

Thumb
Црквата „Свети Илија“.
Археолошки наоѓалишта
  • Три Чешми — археолошко наоѓалиште во селото, населба од римско време

Црквена и слава на населбата е Свети Илија на 2 август

Личности

Thumb
Црквата "Свети Илија" - 2021

Култура и спорт

  • ФК Три Чешми — фудбалски клуб основан во 1950 г. Има играно во Втората македонска фудбалска лига.

Иселеништво

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads