Три Чешми (археолошко наоѓалиште)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Три Чешми — археолошко наоѓалиште во штипското село Три Чешми. Претставува населба од римското време. Лежи на 500 м југоисточно од селото, на левата страна од патот за Штип, во голем блок во сопственост на поранешен ЗИК „Црвена ѕвезда“.
Теренот е на блага падина со неколку ниски височинки на кои, уште во 1960 година, биле откриени остатоци од темели на поголеми објекти, градени од камен и вар, потоа фрагменти од керамички садови, питоси и тегули, делкани блокови од камен и рачни мелници. Најден е и долен дел од скулптурална претстава на божество на кој се гледа десното стапало поставено врз глава на овен.[1]
Наодот се чува во Заводот и музеј во Штип.
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads