Туамоту
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Туамоту (француски: Îles Tuamotu, официјално Archipel des Tuamotu) — архипелаг во Тихиот Океан составен од скоро 80 атоли и острови. Административно, архипелагот е дел од Француска Полинезија, прекуморска заедница на Франција. Вкупната копнена површина на Туамоту е 850 км2, а морската територија е скоро колку територијата на Западна Европа. Туамоту има вкупно население од околу 16.000 жители. Автохтоното население на Туамоту се Полинезијци, Туамотуанци, и зборуваат на туамотски јазик.
Remove ads
Демографија
Според податоците 2007, Туамоту, заедно со Гамбиеровите Острови, имале население од 18.317 жители. Автохтон јазик на Туамоту е туамотскиот јазик, освен на Пука-Пука и Маркиските Острови каде се зборува маркиски јазик.
Географија
Иако архипелагот е расштркан на огромна територија, вкупната површина на копното на островите е 885 км2. Климата на островите е тропска и топла, без други сезони. Релативната просечна температура е 26 степени целзиусови. Островите немаат постојани езера и реки со свежа вода, па питка вода се собира од дождовница. Низ историјата не се забележани вулкански активности.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads