Тумбе Кафе
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тумбе Кафе претставува ридско - планински предел сместен на јужниот дел на градот Битола. Има голема значајност за градот, бидејќи е едно од познатите места за рекреација на битолчани. Поврзан е со битолското шеталиште и битолскиот најголем парк, така што доколку се шета од Широк Сокак надолу кон шеталиштето, на самиот крај на истото продолжува нагорнина, односно се влегува во ридот Тумбе Кафе.

Remove ads
Знаменитости
На ридот Тумбе Кафе се наоѓа и битолската зоолошка градина, која е убав додатен дел на рекреацијата. Исто така, од другата страна во подножјето се наоѓаат и Српските гробишта од Првата светска војна, Влашките гробишта и Буковските гробишта и стадионот на ФК Пелистер - Тумбе Кафе. Има две чешми за разладување, има мини - амфитеатар за одржување на културни манифестации со помал карактер, кафана која моментално е во руинирана состојба, а беше најпознато место за дружење во времето на СФРЈ, како и справи за вежбање и рекреација.
Remove ads
Надворешни врски
- „Времеплов - Валцер на битолско Тумбе Кафе и еснафски чамче муабет до доцна во ноќта“ Архивирано на 19 мај 2022 г., „Македонија Денес“
![]() | Оваа статија поврзана со Битола е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads