Турпија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Турпија или еге — рачна алатка со назабена површина што служи за обработка на дрвени, на метални и на слични површини со која се симнува горниот слој од површината[1][2]. Турпијата се состои од челична шипка чија површина е избраздена со остри запци, обично поставена на дршка. Се користи за гланцање или сечење на материјал со стружење.



Remove ads
Поделба според намената
Турпиите се изработуваат, во зависност од намената, од стандардни до многу тврди челици. Mоже да се поделат на повеќе начини, а основната поделба им е според намената. Исто така се делат според нивниот облик, како и на рачни и машински.
Турпии за обработка на дрво
Овие турпии се изработуваат од стандарден челик.
Турпии за обработка на метал
Овие турпии се изработуваат од тврд челик.
Поделба според обликот

Турпиите според нивниот облик се делат на:
Правоаголни
Рамната турпија има правоаголен пресек со висина отприлика 1⁄5 од нејзината ширина. Само површините на ширините имаат запци.
Квадратни
Пресекот на овие турпии е квадрат. Сите површини се назабени.
Полукружни
Пресекот на полукружната турпија е полукруг. И двете нејзини страни, рамната и полукружната, се назабени.
Кружни
Пресекот на кружната турпија е круг кој се намалува одејќи од дршката кон врвот.
Триаголни
Пресекот на триаголната турпија е триаголник. Се користи на пример за острење пили.

Remove ads
Галерија
- Разни видови турпии за обработка на метал
- Танки фини турпии
- Дијамантски турпии
- Турпијање на коњски поткови
- Правилно држење на турпија
- Разлика меѓу турпии за меки (лево) и тврди (десно) материјали
- Турпија за меки материјали (дрво и сл.)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads