Убавица (пештера)

пештера во Гостиварско From Wikipedia, the free encyclopedia

Убавица (пештера)map
Remove ads

Убавица или Ѓоновица[1]пештера на планината Буковиќ, над стариот пат Гостивар - Кичево, во близина на селото Горна Ѓоновица.

Кратки факти Убавица, Место ...
Remove ads

Име

Името „Убавица“ е дадено поради изразитиот сталагмит во облик на женска силуета, но и поради големото богатство од разновидни подземни природни украси[2].Другиот назив на пештерата доаѓа од самата месност, по која се наречени и двете блиски села.

Геморфологија

Пештерата е настаната е вдолж раседна линија, во правец север - југ. Овој расед избива и на површината на Буковиќ, за што сведочи скарстената суводолица која се протега во ист правец. Убавица е ретка со својот раскош, со безбројните фигури од сталактити и сталагмити создавани со илјадници години, неколку галерии, столбови, ишарани тавани, разновиден пештерски накит, канал со вода, езерца, водопад висок седум метри, пет врела и уште облици и во должина од над петстотини метри[2].

Remove ads

Хидрографија

Во поголемиот дел на пештерата, со исклучок на влезниот канал (85 м), присутен е постојан подземен водотек. За време на пролетните месеци при топењето на снегот и висок водостој, водите од подземниот водотек се излеваат и истекуваат од пештерата течејќи како силна река и поплавувајќи го патот и околината. Покрај многубројните и разновидните пештерски украси со кои изобилува пештерата, особено интересно е последното пештерско проширување (10×13 м), во која се наоѓа подземен водопад висок 5 - 6 метри.

Животински свет

Покрај лилјаците, во пештерата е застапен ендемскиот вид Ceuthophilus bukoviki од семејството на пештерските штурци (Rhaphidophoridae).

Галерија

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads