Буковиќ (планина)
планина во Кичевско, западна Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Буковиќ или Буковик — средновисока планина во областа Горно Кичево во западна Македонија.
За други значења на поимот, погл. Буковиќ (појаснување).
Remove ads
Местоположба и одлики

Сместена е меѓу Полошката Котлина на север, Кичевската Котлина на југ, планината Бистра на запад и масивот на Добра Вода односно Челоица на исток. Планината е мала по површина, со 79 км2, и понекогаш се смета за дел од масивот на Сува Гора.[1].
Во средишниот дел, Буковиќ има поголем број карстни суводолици и вртачи. Главното било се протега во правец северозапад-југоисток, во должина од околу 10 км. Највисок врв е Тепе, со 1.528 м, а други повисоки врвови се Буковиќ (1.518 м), Чингирли Рид (1.441 м) и Колари (1.425 м). Источниот дел на планината се смета за посебен дел, и се нарекува Корито.
Во орографските описи на книгата Материјали по изучувањето на Македонија од македонскиот револуционер Ѓорче Петров е даден поопширен опис за Буковиќ при што е запишано дека таму каде што Шар Планина свртува кон југозапад, започнува и ниската и гола планина Влаиница, којашто се протега на исток, а како нејзино продолжение е Буковик, висока планина којашто во југоисточен правец се спушта близу до Кичево[2]. Во југоисточниот крај на Влаиница, имено, таму каде што таа се среќава со северниот крај на Бистра (тоа е кај изворот на Зајашка Река), започнува Буковик, којшто свртува на југоисток и завршува на 1,5 часа над Кичево[3]. Буковик е на половина повисок од Влаиница. Билото му е остро. Низ неговата средина има преслап по којшто минува патот Гостивар - Кичево[3]. Северната падина на Буковик е доста налегната. Неговите падини од југ го оградуваат Гостиварското Поле и достигнуваат до самиот Гостивар. По средината таа падина е длабоко пресечена од реката Лакавица. Целата северна страна на Буковик е покриена со дрвја, најмногу букови, од коишто и го добил своето име[3]. Планината е населена со Арнаути, поради што е опасен и страшен за патување[3]. Јужната падина на Буковик од кај Кичевско е помалку налегната. Таа е сосема гола, каменеста и безводна[3]. Како што од северната страна Буковиќ има бодар, дури страшен изглед, од јужната страна од кај Кичевско тој има мрачен и непријатен изглед[3]. Тој служи како вододелница меѓу Вардар преку неговата притока Лакавица и Велика (Треска) преку нејзината притока Зајашка Река[3].
Remove ads
Геологија
Геолошки, подината на Буковиќ е составена од палеозојски шкрилци, а врз нив смермерени тријаски варовници со дебелина 200 до 300 м. Поради овие одлики, Буковиќ низ времето доживеал силно скарстување и денес ги има сите карстни облици, вклучувајќи шкрапи, вртачи, ували, карстни полиња, скрастени долови, пештери и пропасти.
Знаменитости
На планината се издвојуваат две природни знаменитости:
Галерија
- Поглед на главното тревнато планинско било со врвот Тепе
- Поглед на врвот Тепе од југ
- Поглед на врвот Тепе од север
- Поглед на главното планинско било од запад
- Поглед на највисокиот врв Тепе
- Поглед на највисокиот врв Тепе
- Поглед на највисокиот врв Тепе
- Поглед на главното планинско било
- Натрупани камења како ознака на врвот Тепе
Поврзано
- Сува Гора
- Добра Вода
- Ѓоновичко Кале
- Буковик — вулканска купа кај Влаина
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads