Украинска граматика

From Wikipedia, the free encyclopedia

Украинска граматика
Remove ads

Украинската граматика е поим со кој се опфаќаат правописните, морфолошките, синтаксните и семантичките правила и прописи на украинскиот јазик. Украинскиот јазик е синтетички јазик, и граматиката на украинскиот јазик е слична со граматиките на останатите словенски јазици. Украинските именки (іменники), како и придавките, имаат род, број и 7 падежи. Украинските глаголи (дієслова) имаат два глаголски вида, 3 времиња и два залога.

Кратки факти Украински јазикУкраїнська мова ...
Remove ads

Граматичка терминологија

Повеќе информации Јазик, Украински ...
Remove ads

Морфологија

Именки

Украинските именки и маат 7 падежи (відмінки): номинатив (називний), генитив (родовий), датив (давальний), акузатив (знахідний), инструментал (орудний), локатив (місцевий) и вокатив (кличний). Покрај тоа, именките имаат број (еднина и множина) и род (машки, женски и среден род). Родот, бројот и падежите се присутни и кај заменките, придавките и првите два броја.

Украинскиот јазик има 4 деклинациски вида. Првата деклинација се користи за повеќето именки од женски род. Втората деклинација се користи за повеќето именки од машки и среден род. Третата деклинација се користи за именки од женски род кои завршуваат на ь или на задновенечни гласови. Четвртата деклинација се користи за именки од среден род кои завршуваат на я/а.

Повеќето од деклинациите имаат по 3 различни подгрупи: тврда, мешана и мека. Меката подгрупа содржи именки чии корени завршуваат на мек глас. Мешанат подгрупа опфаќа именки чии корени завршуваат на задновенечна согласка или понекогаш 'р'. Тврдата подгрупа ги опфаќа сите останати именки.

Ако наставките за именките од тврдата подгрупа се земат за основа, тогаш следните правила може да се користат за да се изведат мешаните или меки наставки:

  • мешана подгрупа
    1. ако 'о' е проследена од задновенечна се менува во 'е'
    2. ако 'и' е проследена од задновенечна се менува во 'і'
  • мека подгрупа: кога и да било мек глас или полусамогласка стапува во контакт со самогласка од наставката, следниве промени настануваа (ова се правописни правила):
    1. ьа и йа станува я
    2. ьо станува е
    3. йе станува є
    4. ьи станува і
    5. йи станува ї
    6. ьу и йу станува ю
    7. ьі станува і
    8. йі станува ї

Именките кои завршуваат на согласка се бележани во подолните табело со -0- (т.е. без наставка).

Прва деклинација

Оваа деклинација опфаќа именки кои завршуваат на 'а' или 'я'. Во оваа група претежно се именки од женски род, но некои од нив се и од машки род, особено професии. Во такви случаи, множината се прави со -ів. Именките кои се однесуваат за луѓе исто така може да ја земат оваа наставка.

Повеќе информации тврди, мешани ...
  • (1) венечна согласка подлегнува на соодветна секундарна промена
  • (2) ако две или повеќе согласки се оставени на крајот од зборот, тогаш самогласка може да се вметне
  • (3) генитивот се користи за живи именки, а неживите именки ја земаат номинативната форма

Втора деклинација

Втората деклинација содржи именки од машки и среден род.

Именки од машки род: оваа група е составена од именки кои завршуваат на согласка, мек знак, ь, или й. Именките од машки род кои завршуваат на 'р' може да бидат дел од која било од трите подгрупи: тврди, меки и мешани. Нема начин да се одреди според номинативот во која група припаѓаат овие именки.

Повеќе информации тврди, мешани ...

Белешки:

  • (1) само со наставки за меки именки на 'р'.
  • (2) наставките се користат во зависност од природата на именките. Следниве правила се дадени во „Украинскиот правопис“:[1]
    • Користи наставка -а со
      1. имиња на професии, сопствени имиња
      2. имиња на растенија и животни
      3. имиња на предмети
      4. имиња на населби и географски поими
      5. мерки
      6. машини
      7. зборови од странско потекло, кои се користат за конкретни предмети или геометриски делови
    • Користи наставка -у со
      1. хемиски елементи, материјали
      2. збирни именки
      3. згради и нивни делови
      4. организации и нивните места
      5. природни појави
      6. чувства
      7. процси, состојби, феномени на социјалниот живот
      8. имиња од странско потекло кои означуваат физички и хемиски процеси
      9. игри и танци
  • (3) наставака -ові е препорачана
  • (4) акузативот за живи именки е ист со генитивот; за неживи именки, ист е со номинативот
  • (5) за да се избегне палатализација, коренот зема наставка -у. Останатите форми се прифатливи. Именкуте кои имаат наставка -і се менуваат според првата палатализација
  • (6) ако се користи наставката -е, тогаш има прва палатализација. Но тоа може да се избегне со употреба на наставка -о
  • (7) втората наставка е за мала група именки
  • (8) генитивот се користи со живи предмети, додека неживите предмети го земаат номинативот

Именки од среден род Во оваа група се именките од среден род кои завршуваат на 'о', 'е' и тие на 'я', кои им претходат двојни согласки, апостроф или две согласки.

Повеќе информации тврди, мешани ...
  • (1) ако е потребно, се одвива и втората палатализација, освен за именките на *ĭjе.
  • (2) двојните согласки се направени единечни ако се користи 'ь'. Ако задновенечните е на крај, тогаш не се користи 'ь', туку единечна согласка. За лабијалните се користи -'їв. Едносложните именки имаат наставка -ів. Ако две или повеќе согласки се на крај од зборот, тогаш може да се вметне самогласка.

Трета деклинација

Во оваа група се именки од женски род кои завршуваат на согласка. Оваа деклинација има две подгрупи, мешана и мека.

Повеќе информации мека, мешана ...
  • (1) Бидејќи оваа наставка е добиена од прасловенската *-ĭjǫ, удвојувањето на согласката е според погорните правила. Дополнително, ако номинативот има -і за -о, тогаш истото е и за инструменталот, на пример ніччю (инструментал, ед.) и ніч (номинатив, ед.)
Четврта деклинација

Оваа деклинација се состои од именки во среден род кои потекнуваат од прасловенското . Има две подгрупи: тие кои имаат 'н' и тие кои имаат 'т'.

Повеќе информации (н), (т) ...

Придавки

Придавките во украинскиот јазик се согласуваат со именките кои ги опишуваат по број, род и падеж. Во јазикот има мал број придавки, особено присвојни, кои се во машки род во т.н. „кратка форма“. Оваа кратка форма е остаток од деклинацијата во прасловенскиот. Такви придавки се на пример бабин (м.р.) споредено со бабина (ж.р.); братів (м.р.) споредено со братова (ж.р.); и повинен (м.р.) споредено со повинна (ж.р.). Овие форми опстојуваат во номинатив во машки род. Сите други форми се правилни.

Деклинација на придавки

Во украинскиот има два вида деклинации на придавки, тврда и мека. Меката група е поделена на две подгрупи. За разлика од именките, задновенечките се сметаат за тврди.

Повеќе информации м.р., с.р. ...
Повеќе информации м.р., с.р. ...
Повеќе информации м.р., с.р. ...

Белешки:

  • (1) во акузативот (освен за женски род еднина), има разлика меѓу живи (=генитив) и неживи (=номинатив) придавки.
  • (2) наставката -ому почесто се сретнува. Останатите форми се остатоци од прасловенскиот.

Степенување

Украинските придавки имаат компаратив и суперлатив. Компаративот се прави со отстранување на ий од придавката, и додавање на -(і)ший. Формата која се добива се деклинира како правилна придавка. Некои придавки имаат неправилни форми. Суперлативот се прави со додавање на претставката най- на компаративот. Зборови од црковно потекло чето имаат претставка пре- (пре-) на компаративот.

Заменки

Лични заменки

Деклинацијата на личните заменки:

Повеќе информации 1 л. ед., 2 л. ед. ...

Показни заменки

Показната заменка той се деклинира на следниов начин:

Повеќе информации м.р., с.р. ...

Присвојни заменки

Првото (мій) и второто лице (твій) еднина се деклинираат на слично, како што е прикажано во табелава:

Повеќе информации м.р., с.р. ...

Првото (наш) и второ лице (ваш) еднина и множина се деклинираат на следниов начин. Машки род во номинатив се „кратките форми“.

Повеќе информации м.р., с.р. ...

Трето лице множина їхній се деклинира како нормална мека придавка.

Прашални заменки

Прашалните заменки, хто и що, се деклинираат на следниов начин:

Повеќе информации Ном., Ген. ...

Прашалната заменка чий се деклинира на следниов начин:

Повеќе информации м.р., с.р. ...

Прилози

Прилозите во украинскиот јазик се создаваат со додавање наставка на коренот на придавката. Следниве наставки се користат во украинскиот:

  • , ако коренот завршува на тврд глас,
  • , ако коренот завршува на мек глас, и
  • , ако коренот завршува на самогласка.

На пример, гарний дава гарно.

Прилозите може да се добијат и од формите на именките во локатив или инструментал во еднина, на пример ввечері (в + локатов од 'вечера'), нагорі (на + локатив од 'гора').

Глаголи

Глаголите во украинскиот јазик се менуваат по лице (три лица), два броја и во три основни граматички времиња: сегашно, идно и минато. Покрај тоа, во јазикот има залог (активен и пасивен).

Време

Сегашно време

Во современиот јазик, сегашноста се изразува со несвршени глаголи, додека формите за сегашното време од несвршени глаголи имаат идно значење.

За корените на глаголите кои завршуваат на е (1, 2 и 3 класа), наставките се:

Повеќе информации ед., мн. ...

Сите глаголски корени кои завршуваат не венечна согласка се палатализираат според првиот вид. Наставките со є се користат за корени кои завршуваат на самогласка. Сите глаголи во 3 класа и тие кои завршуваат на самогласка, користат и -ють. Понатака, кај 3 класа има јотификација кај тие форми кои користат -ю-.

Наставки за 4 класа или корени на и:

Повеќе информации ед., мн. ...

Сите глаголи од 4 класа имаат јотификација во прво лице еднина. Поради правописни правила изгледа дека има две наставки за прво лице, но всушност е едно. Наставката -ать се користи по ж, ш, щ, или ч.

Повеќе информации ед., мн. ...
Повеќе информации ед., мн. ...
Повеќе информации ед., мн. ...
Повеќе информации ед., мн. ...
Remove ads

Синтакса

Основниот зборовен редослед во украинскиот јазик е подмет-прирок-предмет. Бидејќи во јазикот има инфлекција, тоа овозможува одреден степен на менување на зборовниот редослед.

Негација

Како и останатите словенски јазици, така и во украинскиот јазик може да има двојна негација. Двојната негација не е возможна во англискиот или латинскиот јазик, на пример.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads