Фернандо де Нороња
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фернандо де Нороња — архипелаг во состав на државата Пернамбуко, Бразил. Сочинет се од 21 остров и мали островчиња во Атлантскиот Океан, оддалечени 354 километри од бразилскиот брег. Островите се од вулканско потекло. Името на архипелагот е извртен облик од личното име на португалскиот трговец, Фернандо де Лороња, кому биле дадени од португалската круна за службата со увоз на дрво од Бразил. Само истоимениот главен остров е населен, зафаќа површина од 18,4 км2 и има население од 2.718 жители (2012). Вкупната површина на целиот архипелаг на острови изнесува 26 км2.
Remove ads
Галерија
- Глетка од Фернандо де Нороња
- Плажи на Фернандо де Нороња
- Главниот остров
- Карпата наречена „Два брата“
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads