Филип VI Валоа (роден во 1293 - починал на 22 август1350 во Норгент ле Роа) бил крал на Франција и основач на династијата Валоа. Тој бил син на Шарл Валоа, кој бил брат на кралот Филип IV Убавиот. Неговото владеење се одликува со големи судири со англискиот крал Едвард III Плантагенет, што придонело до започнување на Стогодишната војна.