1293
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1293 (MCCXCIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1293 година од новата ера, 293. од вториот милениум, 93. од XIII век и четвртта од 1290-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6801 и 6802 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6043 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5053 и 5054 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2046.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1293 година се протега во 3929 и 3930, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3989 и 3990 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1836. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 692 и 693 исламска година.
Remove ads
Настани
По област
Африка
Азија
- 26 мај - Земјотресот во Камакура, Јапонија убива околу 23.000 лица.
- Кублај-кан испраќа флота на островите во Југоисточна Азија, вклучувајќи ја и Јава.
- Основано е Царство Маџапахит во Јава.
Европа
По тема
Уметност и култура

- Данте Алигиери ја комплетира книгата „La Vita Nuova“ (Нов живот).
Remove ads
Родени
- Маргарет де Клер, англиски благородник (п. 1342)
- Филип V, крал на Франција од Капетинската династија, крал на Навара и гроф од Шампањ.
- Филип VI, крал на Франција и основач на династијата Валоа (п. 1350)
- Јован Рејсбрук, фламански мистик (приближен датум; п 1381)
- Валтер Стјуарт (п. 1326)
- Аделхајд фон Брауншвајг, германска принцеза и византиска царица (1321-1324), прва жена на царот Андроник III Палеолог.
Починале
- 2 мај - Меир Ротенбуршки, германски рабин (р. 1215)
- 29 јули - Анри Гентски, филозоф (р. 1217)
- 10 ноември - Изабела де Форц (р. 1237)
- 14 декември - ел-Ашраф Калил, мамелучки султан
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads