Филофросина (месечина)

месечина на Јупитер From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Филофросина (од старогрчки: Φιλοφροσύνη) или Јупитер LVIII (привремена ознака: S/2003 J 15) — месечина на Јупитер. Откриена е во 2003 г. од екипа астрономи од Хавајскиот универзитет под водство на Скот Шепард,[2][3] но потоа изгубена.[4][5][6][7] Повторно е забележана во 2017 г. и истата година добила трајна ознака.[8]

Кратки факти Откривање, Откритие на ...
Remove ads

Особености

Месечината има пречник од 2 км и кружи околу Јупитер на просечно растојание од 22.721.000 км за 699,676 дена. Има наклон од 142° кон еклиптиката (142° кон Јупитеровиот екватор), повратна насока на движење и занос од 0,0932.

Ѝ припаѓа на Пасифаината група сочинета од повратни неправилни месечини кои кружат околу Јупитер на растојание од 22,8 до 24.1 Гм со наклон од 150-155°.

Именување

Месечината е именувана во 2019 г. во чест на Филофросина (Φιλοφροσύνη), старогрчки дух на гостопримливоста, љубезноста и добротата, ќерка на Хефест и Аглаја и внука на Зевс. Избрано е на конкурс одржан на Твитер од американски средношколци кои истовремено зеле учество во именувањето на месечината Ефимија.[9][10][11]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads