Фирстенау

From Wikipedia, the free encyclopedia

Фирстенауmap
Remove ads

Фирстенау (германски: Fürstenau; долногермански: Fösnau) — мал град во округот Оснабрик, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 40 километри северозападно од безокружниот град Оснабрик и 25 километри источно од Линген.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Фирстенау во рамките на округот Оснабрик ...

Градот претставува административно седиште на истоимената општинската заедница.

Remove ads

Географија

Местоположба

Фирстенау се наоѓа југозападно од Анкумер Хее.

Градски единици

Денешниот град Фирстенау бил основан на 1 јули 1972 година со административната реформа во Долна Саксонија од стариот град Фирстенау и местата Холенстеде, Швагсторф и Зетруп. Сите градски единици припаѓале до 30 јуни 1972 година на округот Берзенбрик, а по неговото распуштање на округот Оснабрик.

Thumb
  1. Фирстенау
  2. Холенстеде
  3. Швагсторф
  4. Зетруп

Клима

Градот е под влијание на мешана морска клима со влажни северозападни ветришта од Северното Море. Годишна просечна температура на воздухот изнесува од 8,5 до 9,0 °C и паѓаат околу 616 милиметри врнежи. Најтопли месеци се јули и август со просечни температури од 17,2, односно од 16,9 °C, додека најладни месеци се јануари и февруари со 1,6, односно 2,2 °C во просек. Најмногу врнежи паѓаат во месеците јуни и јули со просечно 69 односно 75 милиметри, додека најсуви месеци се февруари и март со просечни 36, односно 42 милиметри.

Повеќе информации Клима на Фирстенау, Показател ...
Remove ads

Политика

Градски совет

Градскиот совет се состои од 21 избран член од пет различни партии. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

Следната табела ги прикажува општинските резултати од 1996 година.

Повеќе информации Изборни резултати за Градскиот совет на Фирстенау, CDU ...

Градоначалник

  • 2021-денес Матијас Вибел (SPD)[7]
  • 2019–2021 Мануела Нестрој (CDU)
  • 2006–2019 Херберт Ганс (CDU)
  • 1976–2006 Рајнхолд Шредер (CDU)[8]
  • 1929–1933 Бернхард Хаферкамп[9]

Збратимени градови

Фирстенау е збратимен со следниве градови:

Remove ads

Познати луѓе

  • Франц Бердинг (1915-2010) — политичар
  • Ида Раминг (р. 1932) — теолог и глумец

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads