Фламански поговорки

From Wikipedia, the free encyclopedia

Фламански поговорки
Remove ads

„Фламански поговорки“ (холандски: Nederlandse Spreekwoorden), наречена и „Холандски поговорки“, „Синиот плашт“ или „Светот наопаку“ — дело на холандскиот сликар Питер Бројгел Постариот насликано со масло на дабова табла во 1559 г. на кое буквално се прикажани тогашните холандско-фламански поговорки. Сликата е преполна со сцени од поговорки што се користат и денес, или некои што во меѓувреме се заборавени.

Кратки факти Творец, Година ...

Творештвото на Бројгел се осврнува на слабоумието и пакоста на луѓето, што секако важи и за оваа слика. Идејата не била само да се соберат поговорките, туку како еден осврт на човечката глупост во илустриран облик. Син му, Питер Бројгел Помладиот, меѓу другото, ги умножувал делата на татка си, и насликал дваесетина примероци на „Фламански поговорки“. Не сите верзии на делото ги имаат точно истите поговорки и примери во ликовната изведба.

Некои од поговорките се сосем истоветни со оние во македонскиот фолклор, а други имаат мошне блиски значења. Други пак, не постојат во македонската традиција, или се претставени на сосем поинаков начин.

Remove ads

Претставени изреки

Повеќе информации Поговорка, Значење ...
Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads