Питер Бројгел Помладиот

ренесансно-барокен фламански сликар From Wikipedia, the free encyclopedia

Питер Бројгел Помладиот
Remove ads

Питер Бројгел Помладиот (холандски: Pieter Bruegel de Jonge; 1564/1565 10 октомври 1636) — фламански сликар, познат како „Пеколниот Бројгел“ поради фантастичните сцени со оган и гротескни фигури. Припаѓал на истакнатото сликарско семејство Бројгел. На делата се потпишувал како Brueghel, поради нестандаризираниот холандски правопис.

Thumb
Портрет на Питер Бројгел Помладиот од Антонис ван Дајк

Живот

Роде е во Брисел како најстар син на прочуениот слиакр Питер Бројгел Постариот (наречен „Селанецот Бројгел“) и Мајкен Куке ван Алст. Татко му починал во 1569 г, кога помладиот Питер имал само пет години. По смртта на мајка му во 1578 г, со брат му Јан (наречен „Кадифениот Бројгел“) и сестра му Марија се преселил кај баба му, Мајкен Верхулст, вдовица на сликарот Питер Куке ван Алст. Според Карел ван Мандер, таа самата била сликарка и веројатно нивен прв наставник по ликовна уметност.

Нешто по 1578 г. семејството се преселило во Антверпен, а Питер веројатно се главил за чирак кај пределниот сликар Гилис ван Конингсло (1544–1607). Во записникот за 1584/1585 г. на Лукиниот еснаф, Питер се води како самостоен мајстор. Во 1588 г. се оженил со Елизабета Годеле и имале седум деца. Починал во Антверпен на возраст од 72 години.

Remove ads

Дела

Thumb
„Селскиот правник“ (1621)
Thumb
„Селска свадба“ од Питер Бројгел Постариот (~1568)
Thumb
Копија на „Селска свадба“ од 1630 г. од Питер Бројгел Помладиот

Сликал предели и сцени со верска и фантастна тематика. Фантастичните сцени содржат мошне бизарни ликови и пламен, со кои го заработил прекарот „Пеколниот Бројгел“.

Покрај сопствените слики, Питер Бројгел Помладиот ги пресликувал татковите дела, пресликувајќи ги со дупчена хартија . Неговите битови слики од селскиот живот ја немаат суптилноста на татко му, каде е изразена проникливоста во човечкото и живописното.[1]

  • „Изградбата на Вавилонската кула“
  • „Распетие“
  • „Светото Семејство со Јован Крстител“
  • „Искачување на Голгота“
  • „Мртва природа со цвеќе“
  • „Мртва природа со Светата Рода“
  • „Селски панаѓур“
  • „Селскиот правник“
  • „Богородица и Исус со малиот Св. Јован и цветен венец“
Remove ads

Семејна лоза

 
 
 
Питер Бројгел Постариот
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Питер Бројгел Помладиот
 
Јан Бројгел Постариот
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Амброзиј Бројгел
 
Јан Бројгел Помладиот
 
Ана Бројгел
 
Давид Тенирс Помладиот
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Абрахам Бројгел

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads