Фогтај (Тирингија)
општина во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фогтај (германски: Vogtei) — општина во округот Унштрут-Хајних, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Била создадена на 31 декември 2012 со спојување на поранешните општини Лангула, Нидердорла и Обердорла.
Remove ads
Географија
Местоположба
Фогтај се наоѓа во јужниот дел на округот Унштрут-Хајних, јужно од окружниот град Милхаузен.
Општински единици
Општината Фогтај е составена од следниве места:
- Обердорла
- Нидердорла
- Лангула
Соседни општини
Општината се граничи со Родеберг и Милхаузен на север, Оперсхаузен и Камерфорст на југ, со општините Наца и Халунген од округот Вартбург на југозапад, како и со местото Хајероде на општината Зидајхсфелд на запад.
Центар на Германија
Во местото Нидердорла се наоѓа центарот на Германија. Оваа точка е одредена како средна вредност од координатите на најсеверната и најјужната, како и на најисточната и најзападната точка.
- Кајзерлинде во географскиот центар на Фогтај
- Фогтај
- Историска порта
- Езерце во Фогтај
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads