Фонтана Треви
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фонтаната Треви (италијански: Fontana di Trevi) е најголемата (висока 26 метри и широка 20 метри) и најамбициозната Барокна фонтана во Рим.

Периодот пред 1629, водоводот и локацијата на фонтаната
Фонтаната се наоѓала на раскрсницата на три пата (tre vie)[1], и означува крајна точка[2] на Acqua Vergine, еден од најстарите аквадукти кои го снабдувале Рим со вода. Во 19 век п.н.е., наводно со помош на една девица, Римските техничари нашле извор на чиста вода само 22 километри од градот. (Оваа сцена е прикажана на сегашната фасада на фонтаната). Оваа Aqua Virgo била носена до Рим преку најкраткиот аквадукт директно до бањите на Агрип и го снабдувала Рим повеќе од 400 години[3]. Крајот за урбаниот живот на доцниот класичен Рим дошол кога готските опсадувачи го скршиле водоводот. Средновековните римјани биле ограничени на загадени бунари и опасната вода на Тибер, која била користена и како канализација.
Римскиот обичај за градење на убави фонтани на крајот на аквдадуктите кои носеле вода до Рим бил овновен во 15-от век, заедно со ренесансата. Во 1453, папата Никола V завршил со поправање на Acqua Vergine аквадуктот и изградил едноставен басен, дизајниран од архитектот Леон Батиста Алберти, за да го наговести доаѓањето на водата[4].

Remove ads
Денешната фонтана
Планирање, конструкција и дизајн
Во 1629, папата Урбан 8-ми, сметал дека претходната фонтана не била доволно драматична, па побарал од Бернини да илустрира можни реновации, но кога Папата умрел проектот бил напуштен. Бернини придонел фонтаната да се дисклоцира од другата страна на плоштадот за да се позиционира кон палатата Квиринал (за Папата да може да ја гледа и ужива во неа). И покрај тоа што проектот на Бернини бил уништен за Салвиевата фонтана, многу негови замисли биле имплементирани во нејзината изградба.
За време на ренесансата и барокот било престиж да се редизајнираат градби, фонтани, дури и Шпанските Скали. Во 1730 Папата Климент XII огранизурал уште еден натпревар на кој Никола Салви бил поразен, но сепак му била дадена работата[5]. Изградбата траела од 1732 до 1762, многу по смртта на Климент, кога 'Нептун' на Пјетро Брачи бил поставен во средината на фонтаната (слика, лево).

Салви умрел во 1751, а работата била до пола завршена. Фонтаната Треви била завршена во 1762 од Џузепе Панини, кој ги заменил сегашните благи алегории со планирани скулптури на Агрип и „Тривиа“, римската девица.
Реставрација
Фонтаната била реновирана во 1998; камената ѕидарија биле исчистена и биле додадени рециркуларни пумпи и оксидатори.
Среќни парички
Според една традиционална легенда, личноста која ќе фрли паричка во фонтаната сигурно ќе се врати во Рим[6]. Погрешната интерпретација на филмот Три парички во фонтаната , каде три различни личности фрлаат по една паричка, довела кон нова урбана легенда дека фрлање на две парички ќе донесе љубов со убава римјанка (римјанец), а фрлање на три парички носи брак или развод. Популарна верзија е и дека треба да се фрлат три парички со левата рака преку десното раме.
Околу 3.000 евра се фрлаат во фонтаната секој ден.[7] Парите се користат за финансирање на супермаркет за сиромашните во Рим.[7] Сепак, постојано има обиди за крадење на пари од фонтаната.[7][8][9]
Remove ads
Наводи
Извори
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads