Форум на Теодосиј

From Wikipedia, the free encyclopedia

Форум на Теодосиј
Remove ads

Форумот на Теодосиј (грчки: φόρος Θεοδοσίου, денес Бајазитски плоштад) е форум кој се наоѓал во Цариград , денешен Истанбул, Турција.

Кратки факти Форум на Теодосиј, Општи податоци ...

Историја

Првично, форумот бил изграден од страна на Константин I и неговото име било Форум на бикови. Во 393 година бил преименуван според императорот Теодосиј I, кој го обновил по моделот на форумот на Трајан во Рим, опкружен со згради како што биле цркви и бањи[1].

Форумот имал димензии 55х55 метри и освен статуите од императорот и неговото семејство, имало поставено и бронзена статуа од бик. Сите овие статуи биле ограбени во 1204 година во времето кога крстоносците го зазеле градот. Целиот комплекс исчезнал поради различни грабежи, земјотреси и слично и тоа пред 1453 година кога Османлиите го зазеле градот. Денеска на ова место се наоѓа улицата Диванјоглу, во близина на Бајазидовиот плоштад[2].

Remove ads

Столб

Во средината на форумот се наоѓал римски триумфален столб кој бил изграден во чест на Теодосиј I. Статуата од столбот се срушила во земјотресот од 478 година. Столбот останал без статуа до 506 година кога била поставена новата статуа на Анастасиј I. Столбот се задржал до 15 век кога бил разрушен и неговите делови биле искористени за изградба на бања посветена на Патрона Халил.

Базилика

Според археолошките ископувања, во некогашниот форум биле откриени три рани базилики, кои денеска се нарекуваат А, В и Ц. Базиликата А била изградена во времето на Јустинијан I и нејзиниот план е познат. Нејзиниот централен дел има форма на квадрат со два странични дворови. Од оваа базилика била пронајдена амвона (подигнат подиум од каде се читат евангелијата) која денеска се наоѓа во дворот на музејот Света Софија.

Триумфална капија

Мармерната триумфална капија се наоѓала на западната страна од форумот. Објектот се состоел од три сводови. Централниот бил поширок и повисок од останатите два. На врвот се наоѓале статуите на Теодосиј и неговите синови Аркадиј и Хонориј[1]. Освен со статуи, капијата била украсена со релјефи и фрагменти кои денеска се наоѓаат во археолошкиот музеј на градот.

Наводи

Надворешни врски

Поврзано

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads