Фотина

село во Катеринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Фотинаmap
Remove ads

Фотина (грчки: Φωτεινά, Фотина) — село во Катеринско, Егејска Македонија, денес во општината Катерина на округот Пиерија, Грција. Населението брои 266 жители (2021).

Кратки факти Фотина Φωτεινά, Земја ...
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа југозападно од градот Катерина, крај крстопатот на патишта ЕО13 (Катерина - Еласона) и тој што води за Морна и Фтери, на надморска височина од 300 м.[2]

Историја

Селото е подигнато по крајот на Граѓанската војна, но за првпат како населба се спомнува во пописот од 1971 г. кога е заведено со 434 жители. Во 1981 г. броело 440, а во 1991 г. 464 жители.[2]

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

Во 1971 година, селото станало самостојна општина.[2] Општината Фотина била приклучена во општината Локово во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Катерина.

Селото припаѓа на општинската единица Локово со седиште во селото Долна Милја, која припаѓа на поголемата општина Катерина, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Фотина, во кој влегуваат Морна и Локово.

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви

  • Црква „Св. Никола“ — главна селска црква, обновена во 1950 г.[3]
  • Црква „Св. Петка“ — гробишна црква

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads