Морна
село во Катеринско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Морна (грчки: Σκοτεινά, Скотина; до 1926 г. Μόρνα, Морна[2]) — село во Катеринско, Егејска Македонија, денес во општината Катерина на округот Пиерија, Грција. Населението брои 4 жители (2021).
Remove ads
Географија и местоположба

Селото е сместено југоападно од градот Катерина, во долина на планината Шапка, на надморска височина од 650 м.[3] Кај селото се наоѓа стар камен мост, сместен на реката Кара Су.
Историја
Неговото население уште од порано има грчко потекло.[3]
Селото за првпат е споменато во документ на манастирот Забрдо од средината на XIX век, во кој се наведени дарители од Морна.[4]
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 163 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 190 лица.[3] Во 1926 година, името на селото било променето во Скотина (Σκοτεινά).[2]
Во 1965 г. дел од жителите се преселени во селото Фотина, а во 1970-тите години останатото население било преселено во новосоздадената населба Долна Милја, поради што во пописот од 1971 г. Морна е заведена само со 1 жител, а во 1981 г. не е регистрарана како населба.[3]
Remove ads
Стопанство
Населението традиционално се занимвало со сточарство, а во поново време и со земјоделството.[3]
Население
Преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
Селото припаѓа на општинската единица Локово со седиште во селото Долна Милја, која припаѓа на поголемата општина Катерина, во округот Пиерија. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Фотина, во кој влегуваат истоименото село и Локово.
Културни и природни знаменитости

Цркви
- Црква „Св. Никола“
- Црква „Св. „Апостоли“
Литература
- Η Μηλιά στη διαδρομή των αιώνων, πρακτικά Συνεδρίου του Μορφωτικού και Πολιτιστικού Συλλόγου Κάτω Μηλιάς "Οι Λαζαίοι", 7-8 Απριλίου 2001, εκδ. ΜΑΤΙ.
- Τσολάκη Λουκά, Το χωριό Σκοτεινά (Μόρνα) άρθρο Περιοδικό Παρουσία, τεύχη 2-3, έκδοση ΝΕΛΕ, Φεβρουάριος 1985.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads