Фрајберг

From Wikipedia, the free encyclopedia

Фрајбергmap
Remove ads

За југозападниот германски град во покраината Баден-Виртемберг, видете Фрајбург.

Кратки факти Земја, Местоположба на градот Фрајберг во рамките на округот Средна Саксонија ...

Фрајберг (германски: Freiberg; буквално слободна планина) — град во сојузната покраина Саксонија, Германија. Градот претставува административен центар на округот Средна Саксонија.

Remove ads

Историја

Градот бил основан во 1186 година и со векови бил центар на рударската индустрија во Рудните Планини. Симболот на таа историја е Универзитетот за рударство и технологија Фрајберг, често нарекуван само како Рударска академија (Bergakademie), основан во 1765 година и е најстариот универзитет за рударство и металургија во светот. Фрајберг исто така ја има познатата катедрала, која ги содржи двете познати оргули на Готфрид Зилберман. Постојат уште две други оргули направени од Готфрид Зилберман - едните во црквата Свети Петар (Petrikirche) а другите во црквата Свети Јаков (Jacobikirche). Средновековниот дел на Фрајберг се наоѓа под заштита.

Реката Фрајбергер Мулде поминува низ територијата на градот, но не и низ самиот град.

Во 1944 година, надвор во градот бил изграден подкамп на концентрациониот камп Флосенбирг. Во него биле сместени 500 женски затворенички од други кампови. Кампот функционирал сè до неговата евакуација во април 1945.

Во 1985 година, Мормоните изградиле нивен храм во Фрајберг, поради големиот број на членови во овој регион. Храмот ги опслужува Мормоните од целата Источна Германија и поголем дел од Источна Европа.

Remove ads

Редовни настани

Секоја во Фрајберг се одржува Градскиот рударски фестивал (Bergstadtfest) во последната недела во јуни со поворка на историските еснафски здруженија на рударите и леарите, т.н. Рударска парада. Божиќниот пазар во Фрајбер се одржува при крајот на декември, кога се одржува т.н. Mettenschicht со парада на еснафските здруженија и музичкото здружение на рударите SAXONIA. Ова ја вклучува и традиционалната црковна служба во црквата Свети Петар и чекањето на рударите во втората сабота од Адвент. Цврсто заснован е и собирот на грнчарите во втората половина на април на Горниот плоштад (Obermarkt). Други годишни настани се уметничката награда Фрајберг и изборот на Градска рударска кралица (Bergstadt-Königin).

Thumb
Фрајбершката торта Eierschecke
Remove ads

Меѓународни односи

Фрајберг е збратимен со следниве градови:

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads