Фризојте
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Фризојте (германски: Friesoythe; затерландски фризиски: Ait или Äit) — мал град во округот Клопенбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Зесте, околу 25 километри северозападно од окружниот град Клопенбург и 30 километри југозападно од градот Олденбург.
Remove ads
Географија
Местоположба
Градското подрачје се наоѓа во мочурливата низина Хунте-Леда, а само две единици се делумно на ридската област Химлинг.[2]
Градски единици
Фризојте ги има следниве единици:
|
|
|
Remove ads
Историја
Во 1227 година, грофот Ото фон Текленбург го направил замокот во Фризојте, кој го направил да биде негова резиденција. Набрзо, земјоделци, трговци и занаетчии се населиле околу замокот. Веќе на почетокот на првата половина на XIII век, Фризојте имал големи трговски врски, што се потврдува со пронајдените над 300 сребрени монети од Келн, Минстер, Оснабрик и други градови, кои биле во оптег до 1235 година. Денешниот град бил опкружен од масивни градски бедеми и долго бил сметан за непробоен. Во 1308 првпат бил споменат како град. Понекогаш градот бил означуван како „ханзин град“ и се верува дека имал ханзини привилегии. Сепак, нејасно е дали некогаш бил официјално член на Ханзата.
Фризојте дели разновидна култура во долносаксонската историја. Многу културни влијание на германска, англосаксонска, холандска, источнофризиска, данска и шведска култура можат да се забележат во градот и граѓаните. Градот има голем број на римокатолички верници и мал број на калвинисти и лутеранци. Порано бил дел од Војводството Олденбург и под власт на Француското Царство во XVIII век.
Remove ads
Политика
Градски совет

Градскиот совет се состои од 32 избрани членови. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.
На последните локални избори за Градскиот совет биле добиени следниве резултати:
Градоначалник
Градоначалник на градот од 2014 година е Свен Штратман (SPD).
- Список на досегашни градоначалници (од 1945 г.)
Збратимени градови
Ленинген е збратимен со следниве градови:
Свебодзин, Полска (од 2005 г.)
Познати луѓе
- Хајнрих Тотинг фон Ојта (c. 1330–1397) — теолог и филозоф
- Вилхелм Абелн (1894–1969) — земјоделец и политичар
- Моника Хилкер (р. 1959) — биолог
- Франц-Јозеф Холценкамп (р. 1969) — политичар (CDU)
Галерија
- Црква во Алтенојте
- Основниот суд
- Главната улица
- Ветерница Геленберг
- Водена кула
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads