Хартманов раствор

From Wikipedia, the free encyclopedia

Хартманов раствор
Remove ads

Хартмановиот раствор, познат и како Рингер-лактат е смеса на натриум хлорид, натриум лактат, калиум хлорид и калциум хлорид во вода.[1] Се користи за надополнување на течности и електролити кај пациенти со хиповолемија или со низок крвен притисок.[2] Може да се користи и во третманот на метаболна ацидоза и за испирање на окото по хемиски изгореници.[2][3] Се дава како интравенска инфузија или со аплицирање на зафатеното место.[2][3]

Кратки факти Клинички податоци, Други имиња ...

Несаканите ефекти може да вклучуваат алергиски реакции, хиперкалемија, хиперволемија и хиперкалцемија.[2] Може да не е погоден за мешање со одредени лекови.[4] Рингеровиот лактат има помала веројатност да предизвика или да ја влоши ацидозата во споредба со физиолошкиот раствор.[1][4] Употребата за време на бременост и доење е генерално безбедна.[2] Рингеровиот лактат спаѓа во групата на кристалоидни раствори.[5] Тој е изотоничен, т.е. има иста тоничност како и крвта.[2]

Рингеровиот раствор бил откриен во 1880-те; лактатот бил додаден во 1930-те.[4] Се наоѓа на листата на неопходни лекови на СЗО.[6] Хартмановиот раствор е достапен како генерички лек.[1] Кај пациентите со хепатална инсуфициенција, Рингеров ацетат може да биде подобра алтернатива, при што лактатот е заменет со ацетат.[7] Во Скандинавија вообичаено се користи Рингеров ацетат.[8]

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads