Хаџи-Хамзали
село во Општина Штип From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Хаџи-Хамзали — село во Општина Штип, источна Македонија. Денес нема жители.[2]
Remove ads
Географија и местоположба
Селото лежи во северниот дел на Конечка Планина, од левата страна на реката Крива Лакавица. Сместено е југозападно градот Штип, а атарот зафаќа површина од 20,9 км2.[3]
Историја
Во римско и доцноантичко време во околината на Хаџи-Хамзали се наоѓала тврдината Исар, која го контролирала патот Стоби-Астибо-Пауталија.[4] Наоѓалиштето се наоѓа на истоимениот рид (наречен и Хисар), на околу 5,5 км југоисточно од селото.[5]
Во XIX век Хаџи-Хамзали било турско село во Штипската каза на Отоманското Царство.[6]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Хаџи-Хамзали (Hadži-Hamzali) како турско село.[7]
Remove ads
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Аџамзалци имало 325 жители, сите Турци.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци.[8]
Селото било раселено по 1961 година, когашто броело 106 жители.
Според пописот од 2002 година, Хаџи-Хамзали немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на последниот попис од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
Според истражувањата од 1963 година, родови во селото се:
- Турски родови
- Доселеници: Басри (5 к.), Асанови (4 к.), Ибишови (2 к.) и Шабанови (1 к.) потомци на основачот на селото Аџи-Амзо; Асанови (2 к.) доселени се од селото Орта Маало; Бејтула (1 к.) доселени се во 1961 г. од селото Црешка.[13]
Културни и природни знаменитости
- Археолошки наоѓалишта
- Исар — тврдина (кастел) од римско и доцноантичко време
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads