Хаџи Оце Коџобашија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Хаџи Оце Коџобашија или само Хаџи Оце (роден меѓу 1740 и 1760 година во Велес) — македонски црковен деец, чорбаџија и коџобашија на Велес. Претставник на македонската национална преродба во мајчиниот град. Познат поради неговото учество во изградбата на црквата св. Спас. Неговите внуци биле Прцоречки градоначалници.

Remove ads
Животопис
Роден во втората половина на XVIII век во градот Велес, тогаш дел од петвековната турска робија. Македонскиот историчар и деец на Велешкото благотворително братство Христо Чочков го категоризирал Хаџи Оце како „Брзорѣчанските прадѣди“ (прадедовците од Прцорек) во неговиот список на истакнати жители од Прцорек меѓу 1740 и 1810 година. Според Чочков, голем дел од претставниците на таа генерација се родиле меѓу 1740 и 1760 година. Хаџи Оце најверојатно се образувал меѓу 1755 и 1780 година во патријаршките црковни училишта, бил грамотен и го знаел грчкиот и црковнословенскиот јазик.[1]
Со почетокот на Македонската национална преродба почнало ново движење за народна просвета. Никнало движење за градбата на нова црква, пред тоа градот имал само две цркви, Св. Ѓорѓи и една помала со непознато име. Поради големото влијание на Хаџи Оце во 1837 година турскиот кмет го одобрил изградбата на нова црква во велешкото маало Прцорек.[2] Градбата на новата црква се извршила во земјата на претходноспомната мала црквичка. Хаџи Оце Коџобашија вложил 36.000 гроши или околу 360 турски лири за градбата.[3] Новата црква го добило името Св. Спас.
Судбината на Хаџи Оце Коџобашијата после неговото подарување е непознато, според Христо Чочков т.н. прадедовска генерација на Прцоречани изумриле меѓу 1815 и 1835 година додека помал број доживеале до 1850 година. Единствен сигурен податок е дека тој најверојатно загинал после 1837 година.
Според Христо Чочков, децата на Хаџи Оце Коџобашијата се Хаџи Пано и Хаџи Трајче. Нема податоци за неговите синови освен тоа што неговите внуци Димче Панов или Димитриј Панов и Панзо Панов биле спомнати во Џиновскиот список на Прцоречански градоначалници во Цариградскиот весник.[4]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads