Хертогенбос

главен град на покраината Северен Брабант, Холандија From Wikipedia, the free encyclopedia

Хертогенбосmap
Remove ads

Хертогенбос (холандски изговор: [ˌsɛrtoːɣəˈbɔs]  ( слушни), букв "војводска шума" и исторски гледано на француски: Bois-le-Duc), колоквијално познат како Ден Бос (холандски изговор: [dɛn ˈbɔs]  ( слушни), е град и општина во јужна Холандија. Таа е главен град на Северен Брабант.

Кратки факти Хертогенбос Den Bosch, Земја ...
Remove ads

Историја

Thumb
Херогенбос во 16 век.

Градот градските привилегии ги добил во 1185 година. Ова е, сепак, традиционалниот датум, но од страна на поедини хроничари; првото спомнување во современи извори на градот било во 1196 година. Оригиналната повелба е изгубена. Неговата причина за основањето на градот била да се заштитиат своите интереси против вмешување од Хелре и Холандија; од првиот дена, тој го осмислил градот како тврдина. И таа била урната во 1203 година во заедничка експедиција на Херле и Холандија, но наскоро била повторно изградена. Некои остатоци од оригиналните градски ѕидови сè уште може да се видат. Во доцниот 14 век, многу поголем ѕид бил изграден за заштита во голема мера од проширување и населување на областа.

Кралството Холандија

Во 1815 година, кога Кралство Холандија било формирана, тој стана главен град на Северен Брабант. Многу понови и помодерни тврдини биле создадени во близина на градот. Нов канал е изграден, на Јужен Вилемканал "Zuid-Willemsvaart", кој му даде на градот економски импулс. Трговија, производство и индустријата се зголемиле. До 1878 година, тоа било забрането да се изгради надвор од ѕидините, со што довело до пренатрупаност и највисока смртност кај доенчињата во кралството.

На крајот на 19 век конзервативна влада на градот спречи индустриска инвестиција за да се избегне зголемување на бројот на работници како и за утврдување на образовните институции: студентите се сметале за неуредни. Како резултат на тоа, релативната важност на градот била намалена.

Втора светска војна

Еден од ретките официјални нацистички концентрациони логори комплекси во Западна Европа надвор од Германија и Австрија биле именувани по Хертогенбос. Тој функционирал од јануари 1943 година до септември 1944 година и им бил познат на Германците како Herzogenbusch. Околу 30.000 затвореници биле интернирани во комплексот во тоа време, од кои околу 12.000 биле Евреи. Во Холандија, овој камп е познат како "Камп Вухт ', бидејќи концентрациониот логор , всушност, се наоѓал во близина Вухт, село на неколку километри јужно од Хертогенбос.

Remove ads

Географија

Thumb
Топографска Мапа на' Хертогенбос, од 2014 г.

Населени места

Населени места во Хертогенбос се: Бокхофен, Кревекуер, деутерен (поранешно село), Дискант, Емпел, Енгелен, Хевенде, Хинтам, Крауссрат, Малискамп, Мервајк, Ортен (поранешно село), Стар-Емпел, и Роснален.

Стопанство

Градот Хертгенбос станал центар на инсутријата, образованието, администрацијата и културата. Тој е во моментот четврт град по големина во Северен Брабант. Тој е домаќин ан многу меѓународни и домашни бизнис комапнии како Хајникен, Епик, Тико Интернационал и многу други.

Карневал

Thumb
Градоначалникот Тон Ромбутц, пред Градското сообрание во текот на Карневалот 2007 година.

Еднаш годишно, Хертогенбос го менува своето име во "Oeteldonk". "Donk" е референца на суво место во Марш. Жабата, сепак, е симбол кој често се користи за време на карневалот, а тоа е симбол на Маршот[7]

Граѓаните на Хертогенбос носат традиционална облека во текот на овие денови. Таканаречениот boerenkiel се носи и секоја година се дизајнирани според годините,односно темата која потоа може да се зашие излезот на облека. На boerenkiel е често во комбинација со традиционалните земјоделци бандана и долга шамија во боите на Oeteldonk, црвено - бело - и - жолта боја.

Спорт

Градот е домаќин на фудбалскиот клуб ФК Ден Бос, , клуб каде што некогаш настапуваше големата фудбалска ѕвезда на Холандија, Руд Ван Нистелрој, како и македонскиот фудбалски репрезентативец Горѓи Христов. Исто така тој е домаќин на хокеарскиот клуб ХЦ Ден Бос и кошаркарскиот тим ЕБбЦ Ејгалова Кула Ден Бос, а од 2008- та година и на холандскиот шампионски рагби клуб, Војводите. The Dukes. Во градот се организира и тениски тунири во Организација на АТП и турнири во женска конкуренција од страна на ВТА, на треба што се одржува редовно пред Вимболдон.

Remove ads

Сообраќај

Thumb
Главната железничка станица во Ден Бос

Велосипедизмот во Холандија е доста добро развиен, а Хертогенбос е добро адаптиран на големиот број на велосипедисти. Големата мрежа на велосипедски патеки прават погодно да се движат на различни одредишта, и во градот велосипедот претставува најпопуларното средство за транспорт. Во 2011 година, градот бил избран како нај велосипедски град - во Холандија за 2011 година. 'Хертогенбос има три железнички станици:

  • Хертогенбос
  • Хертоден Бос Исток
  • Росмален железничка станица
Remove ads

Наводи и забелешки

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads