Ремхилд
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ремхилд (германски: Römhild) — мал град во округот Хилдбургхаузен, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа 14 километри западно од окружниот град Хилдбургхаузен и 21 километар југоисточно од градот Мајнинген.
За други истоимени места, погледајте Ремхилд (појаснување).
Градот претставувал седиште на поранешната Грофовија Хенеберг-Ремхилд (1491–1581), како и на Војводството Саксонија-Ремхилд.
На 31 декември 2012 година, кон него биле припоени поранешните општини Глајхамберг, Хајна, Мендхаузен, Милц и Вестенфелд.
Remove ads
Географија
Местоположба
Ремхилд се наоѓа на ридскиот масив Глајхберге во областа Грабфелд во Хенебергер Ланд, непосредна на покраинската граница со Баварија.
Градски единици
Градското подрачје е поделено на 14 единици:
|
|
|
Историја
Во градската црква на Ремхилд се наоѓа гробот на Елизабета и Херман VIII од Хенеберг. Правењето на гробот му се припишува на Херман Фишер Помладиот (околу 1486–1517), член на семејството Фишер од Нирнберг.
Политика
Градски совет
Советот на градот Ремхилд се состои од 20 избрани членови и градоначалник. На локалните избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:[2]
На локалните избори првпат се појавила партијата од крајната десница „Сојуз-Иднина-Хилдбургхаузен“ (BZH) и влегла во Градскиот совет.
Градоначалник
Хајко Бартоломојс (CDU) бил избран на 24 февруари 2019 година со 53,4% од гласовите за нов градоначалник.[3]
Збратимени градови
Ремхилд е збратимен со следниве градови:
Галерија
- Кулата и Градското собрание
- Замок Глуксбург
- Градската црква
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads